Здравје

Направете напиток за чистење на телото од токсини и паразити!

Детоксикација на телото после тежок оброк

Во текот на зимата и консумацијата на јака и зачинета храна се таложат вишок килограми и токсини. Со цел да се исчисти телото од нив, постојат неколку рецепти за пијалоци од растителна основа. Еден од нив е рецепт направен од неколку здрави зачини, кои можат да го зајакнат и одбранбениот систем на организмот.

Компоненти:

половина кафена лажичка ѓумбир

половина лажичка цимет

половина лажичка каранфилче

1/6 лажичка куркума

прстофат кардамон

чаша и пол вода

половина чаша млеко

можете да додадете малку мед.

Загрејте чаша и пол вода да зоврие, па прелијте ги со сите зачини кои претходно сте ги измешале. Сè добро измешајте, па додадете половина чаша топло млеко. Напитокот пијте го непроцедено во текот на денот.

Кардамонот е еден од најстарите зачини, а некогаш се користел како лек. Каранфилчето е одличен сојузник во борбата против разни инфекции, додека куркумата со причина е наречена „кралица на зачините“. Ѓумбирот содржи над 100 биоактивни соединенија, минерали, витамини Б6, Б12, магнезиум, натриум, калциум, железо и други елементи. Се користи не само како билка, туку и како лек и превентивно средство за зајакнување на отпорноста на организмот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago