Македонија

Апликацијата МОЈДДВ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник

Управата за јавни приходи ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека е извршено нејзино прилагодување согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во „Службен весник на РСМ“, бр.65/2023 на 23.03.2023 година.

Ова значи дека сите корисници на Мој ДДВ, ќе треба да ја превземат новата верзија на апликацијата од Playstore, Appstore и Huawei appgallery. Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. Исплатите со зголемен максимален износ од 2100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај.

Во моментов апликацијата МојДДВ, ја користат 523 673 граѓани a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се вратени близу 6 милијарди денари.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago