Connect with us

Радовиш

Тренчевска оствари средба со жени во Радовиш од различна етничка припадност

Avatar

Published

на

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна и со жени во Радовиш од различна етничка припадност како и жени кориснички на услуги и права од Центрите за социјална работа.

Заедно со директорот на Центарот за социјална работа во Радовиш, Александар Филев и претставниците на Министерството за труд и социјална политика и жените од Радовиш во рамките на кампањата „Гласна и храбра“ се развило дискусија за секојдневните предизвици во општината.
Жените кои беа присутни на дискусијата беа активно вклучени и несебично ги раскажаа предностите и предизвиците на секојдневниот живот во Радовиш. Темата беше во насока на начинот на живот на радовишани, можностите за вработување во општината како и можностите за доквалификација и преквалификација. Од страна на Министерката за труд и социјална политика беше истакната важноста на економското зајакнување и менталното здравје, таа ги поттикна жените кои досега не биле во работен однос да се охрабрат и да се вклучат на пазарот на труд. Како што Тренчевска објасни на средбата од особена важност е финансиската стабилност во поодминати години од животот. За таа цел беа дискутирани новите можности за вработување кои ги нуди Европа како и усогласувањето на законските регулативи на нашата држава за да може соодветно да одговориме на тие можности.


На крајот од средбата беше отворена и темата за предучилишното воспитание и за важноста од раниот детски развој. Министерката ги посоветува присутните дека од особена важност е децата Роми да бидат вклучени во предучилишните установи подеднакво како и другите деца. Тренчевска посочи и на проектот „Инклузија на деца Роми  во јавните општински установи – детски градинки“ кој несомнено придонесе во поголема вклученост на децата во предучилишното образование и воспитание.

Радовиш

ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари

Avatar

Published

на

ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација за времена дислокација на градскиот пазар поради изведување на градежни работи за изградба на нов пазар. од тие причини ги известува продавачите и граѓаните на Општина Радовиш дека од овој викенд пазарот ќе се премести на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш.

„Врз основа на Одлуката на Советот на општина Радовиш за времена дислокација на “Градски пазар” Ве известуваме дека ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш. Почнувајќи од сабота 07 октомври 2023 година зелениот пазар ќе функционира на таа локација се до завршувањето на изградбата на новиот покриен пазар. За сите прашања може да контактирате со одговорното лице Велин Ангелов лично или преку повик на бројот 071 793 756.

Локација: https://maps.app.goo.gl/2opj4o2YLMiuAsPC6

Прочитај повеќе

Радовиш

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица

Avatar

Published

на

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30 %.

Градоначалникот Ацо Ристов заедно со претставници од партмерите вклучени во проектот, изврши увид во работните активности и како што вели овој проект е предвиден за намалување на трошоците на електрична енергија за улично осветлување во руралните населени места преку искористување на обновливи извори на енергија.

Партнери во проектот се Општина Радовиш, Ромалитико, “ Мрежа за рурален развој, УСАИД Проект “Програма за развој на заедницата“ и ЛАГ Плачковица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе