Connect with us

Македонија

ИНТЕГРА застанува против донесувањето на Предлог – Законот за родова еднаквост

Avatar

Published

на

ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија недвосмислено застанува против донесувањето на трагичниот Предлог – Закон за родова еднаквост.

„Во континуитет, уште од 2019 година јавно, јасно и експлицитно предупредуваме на погубните последици од носењето на едно такво законско решение, по идните генерации.
Предлог- Законот за родова еднаквост прикриено  овозможува замена на терминот пол со терминот род, и се доаѓа до крајната цел – релативизирање на половите. Родовиот идентитет овозможува личноста да се идентификува како маж или жена независно од биолошкиот пол, што доведува до сериозен атак посебно врз децата и семејството. Аргументацијата на власта дека станува збор за определување на социјална положба преку избор на род е невидена небулоза и скриена политика на поништување на природниот поредок на човештвото. 
Кога и да си поигрува човекот со нешто што не е негово дело, резултатот е неизбежно катастрофален. Родовата еднаквост што агресивно се промовира е скриена политичка агенда на глобалистички центри на моќ и т.н. “длабока држава“, која има за крајна цел да го поништи бракот и семејството, што само по себе води кон дехуманизација и депопулација на населението“, стои во реакцијата на ИНТЕГРА.
„Ги повикуваме сите политички партии – парламентарни и вонпарламентарни, сите здруженија на граѓани и целиот невладин сектор кој стои на конзервативните и традиционални вредности, потоа МПЦ-ОА и останатите Христијански цркви и верските заедници, јавно, јасно и експлицитно да се изјаснат против ваквите погубни процеси по иднината на нацијата и државата.
Истовремено, ги повикуваме пратениците во Собранието на Македонија да се изјаснат против ваквото законсско решение и да го повлечат истото од понатамошна процедура, независно од потпишаната Истанбулска конвенција и досега преземените обврски на било кое ниво на извршна власт“, додаваат од ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија

Македонија

Три јавни повици за субвенции за микро, мали и средни компании за занаетчии и за дигитализација за женско претприемништво

Avatar

Published

на

Министерството за економија објави три јавни повици за субвенции за микро, мали и средни компании за занаетчии и за дигитализација за женско претприемништво.
Како што објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши со јавниот повик за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија ќе се кофинансираат 40% од докажаните трошоци направени за набавка на машини, но не повеќе од 250.000 денари по барател. За оваа мерка се предвидени средства во вкупен износ од 43.000.000 денари. Субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци за набавка на машини  настанати во 2022 и 2023 година.
„Со јавниот повик за субвенционирање на занаетчии ќе се кофинансираат 40% од докажаните трошоци направени зa набавка на машини и алати, но не повеќе од 100.000 денари по барател.За оваа мерка предвидени се средства во вкупен износ од 5.000.000 денари. Субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци за набавка на машини и алати настанати во 2022 и 2023 година.
Со јавниот повик за субвенционирање на женско претприемништво за дигитализација на деловни процеси се субвенционираат претпријатија во сопственост на жени (над 50 %) и управувани од жени, кои вработуваат најмалку две лица (сопственичката на претпријатието и еден вработен), преку кофинансирање на 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 100.000 денари по барател, направени за: развој или набавка на дигитални решенија и технологии со цел дигитална трансформација на деловните процеси или производство и/или имплементација, адаптација и интеграција на дигитални решенија и технологии.
За оваа мерка предвидени се средства во вкупен износ од 2.000.000 денари.
Субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци за предвидените намени  настанати во 2022 и 2023 година“, стои во објавата.
Крајниот рок за аплицирање по овие јавни повици е до 30.06.2023 година. 


Линк од огласот за субвенции за микро, мали и средни компании: https://www.economy.gov.mk/mk-MK/news/javen-povik-za-subvencionirane-na-mikro-mal.nspx

Линк од огласот за субвенции за занаетчии и вршители на занаетчиска дејност:  https://www.economy.gov.mk/mk-MK/news/javen-povik-za-subvencionirane-na-zanaetc.nspx

Линк од огласот за субвенции за женско претприемништво за дигитализација на деловни процеси: https://www.economy.gov.mk/mk-MK/news/javen-povik-za-subvencionirane-na-zensko-pretpriemnisvo-za-digitializacija-na-delovni-procesi.nspx

Прочитај повеќе

Македонија

МНР: Стапуваа на сила трите договори во рамки на Берлинскиот процес

Avatar

Published

на

Денес во Република С. Македонија, Република Албанија и Република Косово стапуваат на сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година, во рамките на Берлинскиот процес – Договорот за слободно движење во Западен Балкан со лични карти, Договорот за признавање на високо образовните квалификации и Договорот за признавање на стручните квалификации на доктори, стоматолози и архитекти. Многу бргу се очекува влегување на сила на договорите и во останатите три држави потписнични, согласно завршените правни процедури кај нив – Република Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, информираат од Министарството за надворешни работи.

Со нив се воспоставува слободно движење на луѓето само со лични карти во рамките на Западен Балкан; се овозможува мобилност на студентите, професорите и академските работници, додека процедурите за признавање се скратуваат од неколку месеци на две недели и без трошоци; докторите на медицина, забарите и архитектите ќе можат своите услуги да ги нудат слободно низ регионот.

„Секој од овие договори дава специфична можност да им помогне на нашите граѓани да го искористат својот потенцијал, да ги прошират своите искуства и да придонесат за доброто на нашиот регион. Договорите претставуваат значаен чекор напред во нашите напори да им овозможиме на граѓаните слобода на движење и интеграција, како услов за воспоставување на заеднички регионален пазар, што ќе претставува најбезбеден и најбрз пат кон исполнување на нашата заедничка цел – членство во Европската унија“, изјави денес министерот Османи.

Прочитај повеќе

Македонија

Левица: Нема европска држава со етничка припадност во изводи – Левица ќе оспори пред Уставен суд

Avatar

Published

на

Откако пратениците на #Левица, со 1300 амандмани, ефективно го блокираа внесувањето етничка припадност во лични карти, не престануваат обидите за дејтонизација од страна на анти-народната влада. Иако само 20 држави во светот имаат етничка припадност во лични документи (од кои ниту една не е европска држава!), после неуставно воведените двојазични униформи, пасокизираната СДС забрзано ја спроведува Тиранската плаформа, во очаен обид да не ја загуби владината коалиција, стои во објавата на политичката партија Левица.

„Како што најави министерот од редовите на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, внесувањето етничка припадност во изводите ќе се реализира само СО УПАТСТВО, што претставува противуставна промена на подзаконски акт, при што директно се заобиколува Парламентот, како највисок законодавен орган! Јасно е дека ваквите големоалбански барања се резултат на недостиг на визија и програма за социјални и економски проекти, додека мнозинството Албанци, како и Македонците, масовно се иселуваат поради погубните политики на ваквите истрошени политичари.

Потсетуваме дека во февруари 2021 година, евроамбасадорот Дејвид Гир изјави дека регулативата на ЕУ ЗАБРАНУВА споделувањето на лични податоци како расна и етничка припадност, како и политичка и верска припадност“, велат од партијата.

Целата објава на линкот: https://www.facebook.com/PartijaLevica

Прочитај повеќе