Радовиш

Радовиш домаќин на Завршен турнир во одбојка, кој ќе започне од утре во СРЦ „25-ти Мај“

Македонската клупска одбојкарска сезона влегува во завршна фаза. Битката за првиот сезонски трофеј ќе се одигра во Радовиш, Завршниот турнир ќе се одржи во спортската сала „25-ти Мај“ во Радовиш. Осум екипи по две во машка и женска конкуренција, од четврток до сабота ќе се надигруваат за пехарот во купот за сезоната 2022-2023. Тридневната програма ќе почне со полуфиналните пресметки кај одбојкарите. Од спортската сала во Радовиш подготвени за овој голем спортски настан.

Бранителот на ланскиот пехар, тимот на Струмица Никоб, е апсолутен фаворит  против Универизтет во Тетово, а ГОК Борец ќе се обиде да ја предизвика Шкендија во дуелот на трето и второпласираната екипа од шампионатот.

Петокот е резервиран за дамите, а во нивното друштво Работнички Скопје ќе сервира со надеж да го повтори манатогодишното остварување од Кавадарци.  Дербито во полуфиналето е меѓу Јанта волеј и Работнички Скопје, а Наковски волеј ја носи фаворитската улога против Вардар жени.

Финалните натпревари се предвидени за в сабота, најпрво машкото во 13, а потоа и женското од 16 часот.

Полуфинале (мажи) , четврток Струмица Никоб – Универзитет во Тетово (17.30, МРТ-3)

ГОК Борец – Шкендија (20.00, МРТ-3)***

Финале (мажи), сабота, 13.00, МРТ-3

Полуфинале (жени), петок

Јанта волеј – Работнички Скопје (17.30, МРТ-3)

Вардар жени – Наковски волеј (20.00, МРТ-3)

*** Финале (жени), сабота, 16.00, МРТ-3

 Во пресрет на големиот спортски настан и Јп Плаваја со акција за уредување и чистење на просторото околу спортската сала.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago