Здравје
Шест знаци дека консумирате премногу шеќер!
Објавено на
Од
Media Press
Од време на време, на сите им се појавува желба за некое слатко. Повременото и умерено консумирање на оваа храна не е проблем, но ретки се оние кои успеваат да се контролираат. Честопати не застануваме на коцка чоколадо, додека дополнителен проблем претставуваат многу производи кои ги купуваме во супермаркетите, а кои на прв поглед не би рекле дека содржат шеќер. Но, за жал, може да се најде насекаде – во кечап, преливи за салата, сосови, па дури и супи од кесичка.
Веќе е познато дека газираните пијалоци содржат големи количини шеќер – само една лименка од овој пијалок може да содржи дури девет коцки шеќер!
Нутриционистката Џес Хилард за магазинот The Sun објасни какви сигнали испраќа телото кога ќе се „предозираме“ со оваа не толку здрава храна.
1. Зголемен апетит
Нашето тело брзо го вари и апсорбира шеќерот, што доведува до ненадеен скок на нивото на шеќер во крвта и ја зголемува желбата за слатки:
– Ако понекогаш јадете слатка закуска, тоа нема да му наштети на телото. Но, ако консумирате премногу шеќер, ќе почувствувате зголемен глад и желба за храна – објаснува д-р Џес. Тој додаде дека шеќерот исто така го стимулира производството на хормони за глад и ја зголемува желбата да се јаде повеќе слатки.
2. Чести промени во расположението
Ненадеен скок и пад на шеќерот во крвта, исто така, може во голема мера да влијае на хормоните одговорни за расположението, правејќи нè да се чувствуваме летаргични и уморни:
– Може да ги влоши и симптомите на анксиозност, бидејќи падот на нивото на шеќер во крвта доведува до нервоза – предупреди д-р Хилард.
3. Промена на нивото на енергија
– И покрај тоа што спиете седум или осум часа навечер, енергијата ќе продолжи да опаѓа доколку не внимавате на исхраната и продолжите да претерувате со шеќер. Шеќерот може негативно да влијае на вашата мотивација за извршување на секојдневните задачи. Исто така, прекумерното внесување шеќер може да направи да се чувствувате демотивирано и неисполнето – изјави нутриционистот.
4. Промени на кожата
Прекумерниот внес на шеќер може да влијае и на кожата:
– Ако имате проблеми со мозолчиња или акни, тоа може да биде индикација за намалување на внесот на шеќер. Гликозата која се наоѓа во повеќето грицки игра важна улога во изгледот на кожата. Во суштина, консумирањето премногу шеќер го подига нивото на инсулин во телото, што може да предизвика кожата да произведува премногу маснотии – нагласува д-р Хилард.
5. Проблеми со забите
– Забите го претвораат шеќерот во киселина која ја кородира забната глеѓ и може да доведе до лош здив и кариес. Понекогаш, прекумерното консумирање шеќер може да резултира со заболување на непцата, вели Хилард.
6. Проблеми со цревата
– Ако сте претерале со шеќер, може да почувствувате некои непријатни симптоми како што се грчеви и/или болки во стомакот – објасни Хилард, додавајќи:
– Шеќерот ги иритира цревата и може да ги уништи добрите бактерии во цревата. Преработената храна често е виновникот, бидејќи луѓето често не се свесни дека во организмот внесле голема количина шеќер преку преработената храна.
Поврзани содржини
Здравје
Предупредувачки знаци на заборавеност
Published
4 недели agoна
октомври 22, 2026By
Media Press
Експертите изјавија дека ако некое лице не може да се сети дури и на едноставни зборови, тоа е веќе причина за загриженост
Благите паузи во меморијата, како на пример бавно сеќавање на имиња или некои детали можат да се случат и на возраст помеѓу 30-40 години, но тоа станува очигледно по 50-60 години.

Експертите предупредуваат дека треба да се вклучи алармот кога заборавеноста почнува да се случува во секојдневниот живот. Заборавеност, дезорентација на познати места и тешкотии при изнаоѓање вообичаени зборови.
Стресот, недостаток на сон или депресија можат да влијаат на меморијата. Недостатокот на витамини Б12 или Д, како и од дисфункција на тироидната жлезда може да предизвика слични симптоми.
Во таков случај важно е веднаш да се консултирате со невролог, кој ќе ја процени вашата когнитивна функција во целост и здравјето.
Здравје
ЗОШТО ТРЕБА ДА ОДИТЕ 100 ЧЕКОРИ ПО ЈАДЕЊЕТО
Published
4 недели agoна
октомври 22, 2026By
Media Press
Експертите наведуваат дека 100 чекори по јадењето му помагаат на телото подобро да ја апсорбира гликозата и да ја одржува активноста без интензивни вежбања.
Редовно одење помага во согорувањето на енергијата, го ублажува чувството на тежина по јадење и ве одржува во форма.
Подобра апсорпција и контрола на гликозата (Шеќерот во крвта)
- Мускулна апсорпција: Кога јадеме, нивото на гликоза во крвта се зголемува. Кога мускулите се соодветно активирани (дури и со лесно одење), тие почнуваат да ја влечат гликозата од крвта за да ја користат како енергија.
- Помало оптоварување на панкреасот: Овој процес се случува независно или со помала потреба од инсулин, што го спречува наглиот скок на шеќерот во крвта (glycemic spikes) и го намалува заморот што често се јавува по јадење.
2. Поддршка на дигестивниот систем
- Краткото и лесно движење ја стимулира перисталтиката (кревањето и работата на цревата), што помага храната побрзо и поефикасно да се преработи.
- Го намалува чувството на подуеност, тежина во стомакот и ризикот од појава на киселини (рефлукс).
3. Лесна активност без замарање
- За разлика од интензивниот тренинг (кој не се препорачува веднаш по оброк бидејќи ја пренасочува крвта од дигестивниот систем во големите мускули), лесното чекорење не го оптоварува стомакот, а сепак го одржува метаболизмот активен.
Дали 100 чекори се доволни?
Иако 100 чекори се одличен начин да се прекине долгото седење веднаш по јадење, повеќето здравствени студии покажуваат дека најоптимални резултати за намалување на шеќерот во крвта се постигнуваат со:
- 2 до 5 минути лесно одење (што изнесува околу 250 – 500 чекори);
- Идеално во рок од 30 до 60 минути по оброкот, кога нивото на шеќер во крвта го достигнува својот пик.
Здравје
Еве зошто не треба да се става парче лимон во пијалак
Published
9 месеци agoна
февруари 18, 2026By
Media Press
Кришка лимон во чаша вода или во некој друг пијалак е вообичаена работа. Меѓутоа, дали некогаш сте помислиле дека притоа внесувате многу повеќе материи во својот организам и тоа непосакувани?
Во текот на истражувањето кое го спроведе Journal of Environmental Health истражувачите прегледале 76 лимони собрани од 21 ресторан кои ги посетиле 43 пати.
Откриле дека дури 70 отсто од кришките лимони содржат микроорганизми.
Примероците ги земале откако пијалакот бил послужен, значи пред да се испие или некој друг физички контакт. За потеклото на микробите научниците можеле само да шпекулираат.
– Иако е познато дека лимонот има некои антибактериски својства, резултатите покажале дека широкиот спектар на микроорганизми може да опстане дури и на неисечен лимон.
Сопствениците на рестораните и кафулињата треба да бидат свесни дека заедно со лимонот во чашата ставаат потенцијално патогени микроорганизми – се наведува во студијата.
Филип Тиерно, професор по микробиологија и патологија во медицинскиот сектор НЅУ Лангон, спроведе десетина слични истражувања.
Откри дека дури половина од лимоновите кришки се загадени со човечки фекалии поради директен допир со прстите.
Имено, забележал дека многумина работат во нехигиенски услови, а освен тоа во допир се со други намирници или миеле чаши, а потоа ја допирале храната и лимонот без ракавици и без претходно да ги измијат рацете.
На лимонот можат да се пренесат бактерии и ако не се измијат рацете по одење во тоалет, кивање или кашлање.
Тиерно вели дека постои можност комзументот да се разболи поради тоа, но тврди дека не постои голем ризик.
Слични микроби најдени се и во шишенцата за сол, бибер, масло и кечап, како и на приборот за јадење.
Извор: https://denar.mk/42373

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

