Од време на време, на сите им се појавува желба за некое слатко.
Повременото и умерено консумирање на оваа храна не е проблем, но ретки се оние
кои успеваат да се контролираат. Честопати не застануваме на коцка чоколадо,
додека дополнителен проблем претставуваат многу производи кои ги купуваме во
супермаркетите, а кои на прв поглед не би рекле дека содржат шеќер. Но, за жал,
може да се најде насекаде – во кечап, преливи за салата, сосови, па дури и супи
од кесичка.
Веќе е познато
дека газираните пијалоци содржат големи количини шеќер – само една лименка од
овој пијалок може да содржи дури девет коцки шеќер!
Нутриционистката
Џес Хилард за магазинот The Sun објасни какви сигнали испраќа телото кога ќе се
„предозираме“ со оваа не толку здрава храна.
1. Зголемен апетит
Нашето тело
брзо го вари и апсорбира шеќерот, што доведува до ненадеен скок на нивото на
шеќер во крвта и ја зголемува желбата за слатки:
– Ако понекогаш
јадете слатка закуска, тоа нема да му наштети на телото. Но, ако консумирате
премногу шеќер, ќе почувствувате зголемен глад и желба за храна – објаснува д-р
Џес. Тој додаде дека шеќерот исто така го стимулира производството на хормони
за глад и ја зголемува желбата да се јаде повеќе слатки.
2. Чести промени во расположението
Ненадеен скок и
пад на шеќерот во крвта, исто така, може во голема мера да влијае на хормоните
одговорни за расположението, правејќи нè да се чувствуваме летаргични и уморни:
– Може да ги
влоши и симптомите на анксиозност, бидејќи падот на нивото на шеќер во крвта
доведува до нервоза – предупреди д-р Хилард.
3. Промена на нивото на енергија
– И покрај тоа
што спиете седум или осум часа навечер, енергијата ќе продолжи да опаѓа доколку
не внимавате на исхраната и продолжите да претерувате со шеќер. Шеќерот може
негативно да влијае на вашата мотивација за извршување на секојдневните задачи.
Исто така, прекумерното внесување шеќер може да направи да се чувствувате
демотивирано и неисполнето – изјави нутриционистот.
4. Промени на кожата
Прекумерниот
внес на шеќер може да влијае и на кожата:
– Ако имате
проблеми со мозолчиња или акни, тоа може да биде индикација за намалување на
внесот на шеќер. Гликозата која се наоѓа во повеќето грицки игра важна улога во
изгледот на кожата. Во суштина, консумирањето премногу шеќер го подига нивото
на инсулин во телото, што може да предизвика кожата да произведува премногу
маснотии – нагласува д-р Хилард.
5. Проблеми со забите
– Забите го
претвораат шеќерот во киселина која ја кородира забната глеѓ и може да доведе
до лош здив и кариес. Понекогаш, прекумерното консумирање шеќер може да
резултира со заболување на непцата, вели Хилард.
6. Проблеми со цревата
– Ако сте
претерале со шеќер, може да почувствувате некои непријатни симптоми како што се
грчеви и/или болки во стомакот – објасни Хилард, додавајќи:
– Шеќерот ги
иритира цревата и може да ги уништи добрите бактерии во цревата. Преработената
храна често е виновникот, бидејќи луѓето често не се свесни дека во организмот
внесле голема количина шеќер преку преработената храна.