Ако сте еден од
оние среќници кои никогаш не страдаат од несоница, мора сите да ви завидуваат.
Меѓутоа, ако заспиете за помалку од пет минути, може да имате проблем.
Утврдено е дека
луѓето кои заспиваат „штом ќе ја допрат перницата“ многу често страдаат од
хронична несоница. Д-р Софи Босток, која често ја нарекуваат „научник за
спиење“ објаснува како да спиете најздраво.
„Не е добро ако
заспиете премногу брзо или ако ви треба повеќе од половина час за да заспиете“,
вели д-р Софи. „Преуморните луѓе треба да си дадат повеќе време, а седум часа е
навистина минималната количина на сон. За возрасните, тие треба да спијат до
девет часа“.
Според неа,
дури и кога сме многу уморни, се случува да го одложиме сонот, без многу важна
причина. Не треба да легнуваме дури и кога не ни се спие.
„Кога навистина
чувствувате дека вашите очни капаци се тешки, тоа е знак дека телото е
подготвено за сон“, вели таа. „Во исто време, важно е да се развие позитивна
ментална поврзаност помеѓу креветот и спиењето.
Според една
научна пресметка, на повеќето луѓе им требаат во просек 14 минути за да
заспијат. Се смета дека еден циклус на спиење трае околу 90 минути и најдобро е
да спиете цели пет или шест циклуси за да бидете одморени. Будењето во
средината на тој циклус може да биде доста тешко и да предизвика чувство на
замор.
На пример, ако
сакате да се разбудите во 7 часот, треба да си легнете во 21:46 или 23:16 или
12:46 часот. Имате 14 минути да заспиете, а потоа да дремнете – 6, 5 или 4
циклуси.