Радовиш
Поетско читање беше организирано во ОУ „Орце Николов“ во Ињево, со поетесата Сузана Мицева
Published
3 месеци agoна
By
Media PressРаботилница со поетско читање денеска беше организирана во ОУ „Орце Николов“ во Ињево, Општина Радовиш, по повод Светскиот ден на поезијата 21 март.
Поетесата Сузана Мицева читаше поезија од нејзината сеуште необјавен книга насловена „Летала за штркови“, пред учениците од 4-то, 5-то и 6-то одделение.
Учениците со интерес го следеја нејзиното читање и уживаа во поезијата во која фигуративно беа опфатени животните, а се однесуваше на луѓето.
На работилницата освен читање на поезија учениците требаше да бидат и креативни, да се обидат да го нацртат тоа што го слушаат од прочитаните песни.

Светскиот ден на поезијата се одбележува на 21 март и бил прогласен од УНЕСКО (Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации) во 1999 година, „со цел да се поддржи јазичната разновидност преку поетско изразување и да се зголеми можноста да се чујат загрозените јазици“. Негова цел е да го промовира читањето, пишувањето, објавувањето и предавањето поезија низ целиот свет и, како што се вели во оригиналната декларација на УНЕСКО, „да им даде свежо признание и поттик на националните, регионалните и меѓународните поетски движења“.
Поврзани содржини
Голем број верници денеска го посетија манастирот Света Петка во Ињево
Новоизградениот пат до манастирот Свети Архангел Михаил во Ињево овозможи граѓаните масовно да го посетат на вчерашниот празник
Православните верници денеска го слават празникот посветен на Света Петка
Ињево доби две нови улици, со што значително се промени урбаниот изглед на селото
За еден месец се очекува да заврши проектот за енергетска ефикасност на ООУ „Орце Николов“ во Ињево
Чаракчиев: Кризата со корона вирусот не ги попречи капиталните инвестиции
Радовиш
Објавен е јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа
Published
19 часа agoна
јуни 6, 2023By
Media Press
Објавен е јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа, која се спроведува врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Радовиш во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година, а финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на, на ден 05.06.2023 година се објавува:
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Наши сограѓани – Наша грижа” за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување -Радовиш
Програмата предвидува 3 месеци задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера, согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест)месеци или вкупно 9(девет) месеци, статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со
предност на невработени лица над 5 години)
-млади лица до 29 години
-лица постари од 50 години
–невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19
-лица корисници на гарантирана минимална помош
-лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
-лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
-жртви на семејно насилство
-лица со попреченост
– лица припадници на ромската етничка заедница
–самохрани родители
– родители на деца со пречки во развојот
-родители на 3 и повеќе деца
– лица со незавршено средно или пониско образование
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
– Работно место 1: Личен Асистент_3-три лица
– Работно место 2: Негувател _2 Две лица
Работно место 3: Лица за подршка на слепи лица_3– три лица
Работно место 4: Негувател за стари и изнемоштени- мултиплекс склероза __ 3-три лица
Работно место 5: Негувател за стари и изнемоштени-алцхајмер _3-три лица
Работно место 6: Негувател за стари и изнемоштени- палијатива _5-пет лица
Работно место 7: Асистент за подршка за самостојно живеење-инструментални _6–шест лица
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш во периодот од 05.06.2023 година до 09.06.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Радовиши избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Радовиш кај лицето Роберт Донев, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, а во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш- кај лицето Стојан Лазаров, Центар за социјлна работа Радовиш кај лицето Александар Филев. Се повикуваат и лицата кои имаат потреба од една од горе наведените услуги да се пријават во Општина Радовиш за да бидат потенцијални корисници .
Радовиш
Во тек се неколку работни активности во Општина Радовиш
Published
23 часа agoна
јуни 6, 2023By
Media Press
Во тек се неколку работни активности во Општина Радовиш, пред се во населените места.
„Во тек е уредувањето на јавни површини-тротоари, пешачки патеки и пристапни улички со бекатон во Ораовица и Подареш, а во следниот период ќе се продолжи на другите предвидени локации“, информираат од општината.
Инаку во оваа фаза се уредуваат јавни површини, улички и сокаци кои подолго време претставувале проблем на жителите во наслените места, но кои досега не биле уредени.
„Секоја уличка и секое сокаче е важно за граѓаните да не гезат кал и да имаат пристојни услови за живот“, велат од општината, додавајќи дека можеби за накого се мали ваквите проекти, но за некого се големи и многу важни во секојдневното живеење.
Радовиш
Денеска е Света Троица или Духовден – Слегувањето на светиот дух врз апостолите
Published
2 дена agoна
јуни 5, 2023By
Media Press
Денеска се празнува Света Троица или Духовден – Слегувањето на светиот дух врз апостолите, празник на црквониот храм Света Троица во Радовиш. По тој повод беше одржана свечена Архиерејска литургија.
Духовден (Дуовден) или Педесетница е подвижен празник, еден од најголемите 12 христијански празници — еден од најсветите празници во христијанството во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото воскресение. Овој настан претставува исполнување на старозаветните месијански пророштва.

Педесетницата се нарекува уште и „крај на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на Спасението остварено преку Исус Христос токму поради тоа што православното учење како една од службите на Месијата го назначува токму крштевањето преку Светиот Дух, односно Негово излевање врз човештвото. Иако Духот делува и пред и по Педесетницата, на овој ден Тој се покажува во Својот ипостас, а сѐ со цел самата историја на Спасението да се направи совршена. На овој ден започнува икономијата на Светиот Дух, Тој е Оној Кој го собира Божјиот народ во телото Христово, односно Црквата.
На големиот празник на Светата Троица, народот традиционално ги посетува црквите и манастирите со исто име и бара прошка од гревовите или лек за болести.


Три јавни повици за субвенции за микро, мали и средни компании за занаетчии и за дигитализација за женско претприемништво

Објавен е јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Приведени двајца криумчари на мигранти кај „Раскрсница Удово“, сузбиена е и меѓународна група за криумчарење мигранти

Во тек се неколку работни активности во Општина Радовиш
