Connect with us

Конче

Се наближува одбележувањето на 100 – годишнината од масакрот во село Гарван, Општина Конче

Avatar

Published

на

Сојузот на здруженија на борците од НОВМ и нивните подржувачи од општините Радовиш и Конче, организира одбележување на 100 – годишнината од масакрот во село Гарван, Општина Конче. Организациониот одбор ги поканува граѓаните да присуствуваат на тажниот јубилиј, кој ќе се одржи на 23 март 2023 година во село Гарван.

По завршувањето на официјалниот дел, за сите присутни бесплатно се обезбедени заеднички ручек и брошура „Незаборавник за масакрот во село Гарван“.

Сојузот на здруженија на борците од НОВМ и нивните подржувачи од општините Радовиш и Конче, организира превоз за сите кои ќе сакаат да дојдат, без разлика дали се членови на сојузот или не.

Пријавувањето за организиран превоз и присуство ќе се врши до 20 март, 2023 година.

Инаку Гарванскиот масакр, е колеж извршен во село Гарван, Општина Конче, во радовишкиот крај, од страна на воена единица на Кралството на СХС по наредба на жупанот на Брегалничкиот округ, Добрица Матковиќ, како одмазда за смртта на колонистите во селото Кадрифаково, Свети-николско, убиени од четата на ВМРО на 16 јануари 1923 година.

Настанот се случил кога четата предводена од војводата Иван Јанев-Брло го нападнала светиниколското село Кадрифаково на 16 јануари 1923 година и убила 23 селани и членови на нивните семејства. Настанот означувал незадоволство од страна на Македонците за тешката состојба каде се наоѓале под српска окупација и насилното колонизирање на други неавтохтони народи на македонските земји. По нападот, српските колонисти го напуштаат селото. Потоа следи контра масакр на српските власти, во селото Гарван.

На 2 март 1923 година селото било гранатирано и биле застрелани без судење 29 селани, сите мажи, меѓу кои и три деца од 12 до 18 години. Дополнително, една 65-годишна старица од глетката на труповите од ужас починала на самото место. За настанот имало реакции не само од домашната, туку и од европската демократска јавност.

Инаку Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов во 1900 година, селото имало 270 жители, сите Македонци. По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев во 1905 година во Гарван имало 320 Македонци.

Според пописот во 2002 година, селото Гарван имало 11 жители, од кои 10 Македонци и 1 Србин. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, од кои 1 Македонец и 2 лица без податоци.

прикажи повеќе
Advertisement

Конче

Општина Конче утринава, во зимска идила

Avatar

Published

на

Иако на крајот од зимата, снегот утринава го разубави конечкиот крај. Сите оние кои патуваа кон Конче во утринските часови, ужива во прекрасната идила која за жал оваа зима ја немаше и поминавме една блага зима без снег. Но зимата знае и да изненади како што беше случајот утринава.

Прочитај повеќе

Конче

Започна реконструкцијата на Домот на културата во с. Лубница, Општина Конче

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов ја најави пролетната градежна офанзива во Општина Конче која започнува со реконструкција на Дом на културата во с. Лубница.

„Од денеска ја најавуваме градежната офанзива во општина Конче, започнуваме со реконструкција на Дом на културата во с. Лубница, со вкупна вредност од 4.253.734,00 денари, каде изведувач е ,, Пешо Инжинеринг”Струмица., средства обезбедени преку Центар за развој на Југоисточниот плански регион, односно Биро за регионален развој. Времетраењето на реконструкцијата на објектот е 7 месеци, со што очекуваме да се промени состојбата на последниот објект од таков карактер во општина Конче“, објави градоначалникот Ристов на социјалните медиуми.

Прочитај повеќе

Конче

Изгоре дел од кровната конструкција на куќа во Конче, при предизвикан пожар

Avatar

Published

на

Вчера во Полициската станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на Х.Д.(66) од село Конче, радовишко, во кој изгореле дел од кровната конструкција на куќата, неколку простории и дел од покуќнината. 

Повредени лица нема, а по интервенција на Територијалната противпожарна единица од Радовиш пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен, информира СВР Струмица.

Прочитај повеќе