Здравје

Имате главоболка? Неколку природни начини, како да ја ублажите!

Не треба веднаш да посегнувате по апчињата

Секој шести човек во светот добива главоболка барем еднаш во текот на денот, покажа минатогодишното истражување. Доколку сте меѓу оваа маса на луѓе, секако ќе ви биде корисно да дознаете повеќе за природните начини како да се ослободите од непријатните болки.

Мнозинството луѓе ќе се одлучат за брзо решение, во форма на парацетамол, ибупрофен или некој друг аналгетик, но некои видови главоболки може да се решат на други начини.

1. Масирајте го вратот

Опуштањето на мускулите на вратот и грбот е особено корисно ако страдате од тензични главоболки. Исто така, притиснете го коренот на черепот со врвовите на прстите и тоа може да биде доволно за само неколку минути од ваквата масажа.

2. Зајакнете ги мускулите на вратот

Поминете најмалку минута или две дневно во насочени вежби. Можете да ги правите и додека седите, на пример, со ставање на дланката на образот и увото, а потоа притискајќи ја со главата за да го почувствувате отпорот. Притиснете десет секунди и потоа префрлете ја страната.

3. Пијте повеќе вода

Дехидрацијата многу често може да предизвика главоболки. Обидете се да пиете најмалку 8 големи чаши вода секој ден. Ако сте пропуштиле да го направите ова неколку часа, а потоа почувствувате главоболка, обидете се прво да испиете една или две чаши вода пред да се одлучите за аналгетик. Пијте полека, голтка по голтка, минута или две, за полека да ги рехидрирате ткивата.

4. Наспијте се

Бројни студии ја нагласуваат здравствената важност на доволно сон. Препораките се различни, па затоа се препорачува 6 до 11 часа сон за возраст од 18 до 80 години. Поблискиот просек би бил помеѓу 7 и 9 часа, а најважно е да се чувствувате целосно одморени.

5. Проверете ја состојбата на забите

Често се случува утринската главоболка да има корени во стегањето на вилиците кое се јавува за време на спиењето. Проверете ја состојбата на вилиците кај вашиот стоматолог и евентуално побарајте штитник за уста што ќе ви помогне да се ослободите од овој проблем.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago