Забавен детски парк со современи реквизити, изграден во село Аликоч, донација од рудниците Бучим и Боров Дол
Денеска свечено беше пуштен во употреба нов забавен детскиот парк со современи реквизити, во село Аликоч, донација од рудниците Бучим и Боров Дол, а во соработка со Општина Радовиш и градоначалникот Ацо Ристов.
Радоста на децата беше најголема потврда колку вакво детско катче им било потребно. Градоначалникот Ристов се надева дека вакви проекти ќе се реализираат и во другите населени места за подобар живот на граѓаните.
„Ова е цолосна донација од рудниците Бучим и Боров Дол, во заедничка соработка се договоривме да го реалзиравме овој проект за подобро услови за живот и забава на децата. На радост на најмалите, денес на месното население им ја предаваме оваа донацијата на комбинирана детска лизгалка која се наоѓа во кругот на училишнот двор. Во ваков парк тие досега можеа да си играт само во градот, сега го имаат и во нивното место“, рече градоначалникот Ристов.
Од рудниците Бучим и Боро Дол задоволни од радоста на дечињата, велат дека ќе останат секогаш партнери на Општина Радовиш и на локалните заедници. Оваа донација е вредна околу 20 илјади евра.
Ваков детски парк за прв пат е изграден во село Аликоч за што од името на граѓаните од ова населено место, упати благодарност до донаторите и до градоначалникот Ацо Ристов, советникот Енис Омер.