Радовиш
И денеска гужва пред Национални шуми, Подружница Плачковица
Published
2 недели agoна
By
Media Press
Стотици граѓани и денеска чекаа ред пред Национални шуми Подружница Плачковица да склучат договор за огревно дрво за следната сезона.
Граѓаните нервозни што чекаат по неколку часа, а од Национални шуми апелираат да не доаѓаат сите неднаш и во еден ден.
Како што дознаваме од ЈП Национални шуми Подружница Плачковица- Радовиш, ќе склучуваат договори за огревно дрво, етапно според количините кои им се предвидени за работа.
Договори се склучуваат само за буково огревно дрво кое се продава по цена од 4.064 денари за метар кубен и бука сеченица од 3.186 денари за метар кубен, согласно планот за работа за 2023 година.
Радовиш
Улицата „Видое Смилевски Бато“ во Радовиш, конечно е асфалтирана, 25-годишен проблем на граѓаните
Published
23 часа agoна
март 24, 2023By
Media Press
Денеска беше асфалтирана улицата „Видое Смилевски Бато“ во Радовиш, после двеипол децении чекање и молење до надлежните служби, од страна на граѓаните кои што живеат на оваа улица. Тие денеска со неверување го гледаа асфалтирањето.
Градоначалникот Ацо Ристов вели дека ова е историски момент за овие граѓани. Како општина издвоиле околу 120 илјади евра од Буџетот на Општина Радовиш за изградба на улицата.

„Коментарите на граѓаните беа дека, еве после двеипол децении конечно доаѓаат до современа и модерна улица по сите стандарди. Денеска се става вториот слој асфалт на улицата и со ова покажуваме дека ние тоа што ќе го ветиме и го правиме“, рече градоначалникот Ристов.

Истовремено како што рече Градоначалникот Ристов се продолжува работата и на улицата -обиколница која ќе се спои со „Видое Смилевски Бато“ и тогаш ќе се доасфалтира оној дел од околу 20-тина метри кој сега останува неасфалтиран на крајот од улицата.
Граѓаните не го криеја задоволството од изградбата на нивната улица бидејќи како што велат, многу кал изгазиле на оваа улица и при најмал дожд. Многу ветувања речиси пред секои избори, но ниту едно не било исполнето, се досега.

„Се додека не замириса на асфалт, неверувавме дека ќе биде асфалтирана нашата улица, но еве се случи после 25 години“, велат дел од граѓаните.
Улицата е во должина околу 500 метри, со тротоари кои се спојуваат со дворовите пред куќите со што оваа населба добива нов и современ изглед.

Радовиш
Вчера во СРЦ „25 Мај“ се одиграа полуфинални дуели во машка категорија од одбојкарскиот куп на Македонија
Published
24 часа agoна
март 24, 2023By
Media Press
Од вчера започна одбојкарскиот куп на Македонија кој се одржува во Радовиш. Во СРЦ „25 Мај“ се одиграа полуфинални дуели во машка категорија од одбојкарскиот куп на Македонија.
Градоначалникот Ацо Ристов ги повика радовишани да го проследат овој несекојдневен спортски настан во спортската сала во Радовиш.

Победници во полуфиналето се: Одбојкарски клуб „Струмица Никоб“ и Градски одбојкарски клуб „Борец“ од Велес. Финалето е утре, Сабота во 13:00 часот.
Денес во 17:30 часот ќе се одиграт полуфинални дуели во женска категорија.


Радовиш
Тренчевска оствари средба со жени во Радовиш од различна етничка припадност
Published
2 дена agoна
март 23, 2023By
Media Press
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна и со жени во Радовиш од различна етничка припадност како и жени кориснички на услуги и права од Центрите за социјална работа.
Заедно со директорот на Центарот за социјална работа во Радовиш, Александар Филев и претставниците на Министерството за труд и социјална политика и жените од Радовиш во рамките на кампањата „Гласна и храбра“ се развило дискусија за секојдневните предизвици во општината.
Жените кои беа присутни на дискусијата беа активно вклучени и несебично ги раскажаа предностите и предизвиците на секојдневниот живот во Радовиш. Темата беше во насока на начинот на живот на радовишани, можностите за вработување во општината како и можностите за доквалификација и преквалификација. Од страна на Министерката за труд и социјална политика беше истакната важноста на економското зајакнување и менталното здравје, таа ги поттикна жените кои досега не биле во работен однос да се охрабрат и да се вклучат на пазарот на труд. Како што Тренчевска објасни на средбата од особена важност е финансиската стабилност во поодминати години од животот. За таа цел беа дискутирани новите можности за вработување кои ги нуди Европа како и усогласувањето на законските регулативи на нашата држава за да може соодветно да одговориме на тие можности.
На крајот од средбата беше отворена и темата за предучилишното воспитание и за важноста од раниот детски развој. Министерката ги посоветува присутните дека од особена важност е децата Роми да бидат вклучени во предучилишните установи подеднакво како и другите деца. Тренчевска посочи и на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки“ кој несомнено придонесе во поголема вклученост на децата во предучилишното образование и воспитание.


Денеска во Струмица, превентивни активности во рамки на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“

Улицата „Видое Смилевски Бато“ во Радовиш, конечно е асфалтирана, 25-годишен проблем на граѓаните

Вчера во СРЦ „25 Мај“ се одиграа полуфинални дуели во машка категорија од одбојкарскиот куп на Македонија

Апликацијата МОЈДДВ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник
