Connect with us

Босилово

Патниот правец Бориево – Колешино конечно ќе се асфалтира, во тек се работните активности

Avatar

Published

на

Патниот правец Бориево – Колешино конечно ќе се асфалтира, на задоволство на граѓаните од двете општини Босилово и Ново Село. Во тек се работните активности за асфалтирање на оваа делница од 3.2 km и ширина од 5 m.

„Овој патен правец е од исклучителна важност за развојот на регионот затоа што:- создава подобри услови за развој на туризмот во регионот и поврзување на подбеласичкиот регион со Моноспитовско Блато и подогражденскиот регион, развој на земјоделието преку подобар, поекономичен и побрз транспорт на земјоделските производи и обезбедува пристап до голем број обработливи земјоделски површини, развој на сообраќајот и поврзување на Колешино со регионалниот пат А4 кој води кон границата со Бугарија, развој на алтернативниот туризам, велосипедизмот, итн“, велат од Општина Босилов.

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и дел од Буџетот на Општина Босилово и Општина Ново Село.

Босилово

Трипуновски на трибина во Босилово: После овие пет години ќе биде радост ако најдеме млад човек која сака да се занимава со земјоделство

Avatar

Published

на

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ организираше трибина во Босилово со земјоделците од целиот струмички регион, предводена од претстедателот на кимисијата Цветан Трипуновски.

Тој разговараше за проблемите со кои се соочуваат македонските земјоделци изминативе години, но и го презентира нивниот модел за решавање на проблемите, се со цел да се врати како што вели  македонското земјоделие на здрави нозе.

Трипуновски рече дека тие како ВМРО -ДПМНЕ кога ќе дојдат на власт веќе имаат подготвено план и стратегија за спас на најголемата фабрика, земјоделието.

На трибината се обратија и Филип Филиповски кој зборуваше за состојбата во водостопанството, проф. др. Виктор Ѓамовски, Игор Лазаровски, Драги Памуков и Мите Манев, секој за проблемите во своите области.

Прочитај повеќе

Босилово

Договорена соработка помеѓу општина Босилово и Друштво за управување со отпад “НУЛА ОТПАД”

Avatar

Published

на

Како резултат на соработката “НУЛА ОТПАД” донираше приколица за трактор за Општина Босилово со носивост од 4 тони. Во наредниот период, од страна на ” НУЛА ОТПАД”, ќе биде изграден и собирен центар за селекција на електронски отпад, а ќе бидат реализирани и низа едукативно превентивни активности за позитивните ефекти од селекцијата на отпадот.

Во наредниот период исто така ќе бидат реализирани активности за подигање на електронски отпад од домаќинствата, информира Општина Босилово.

Прочитај повеќе

Босилово

Важно: Известување до граѓаните на Општина Босилово

Avatar

Published

на

Се известуваат граѓаните на Општина Босилово да ги пријават штетите настанати поради невремето кое го зафати регионот на Општина Босилово на ден 29.05.2022 година.

Барањата да се поднесат во архивата на Општина Босилово до 03.06.2022 година (петок).

Во прилог на барањето да се достави копија од лична карта, имотен лист и трансакциска сметка.

Прочитај повеќе