Connect with us

Василево

Започна изградбата на фекална канализација во Василево, проект долгоочекуван од граѓаните

Avatar

Published

на

Од денеска стартуваа активностите за изградба на фекален канализационен систем во населното место Василево. На лице место беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој изразувајќи задоволство од стартот на изградбата,  проектот го оквалификува како историски момент. 

„Во населеното место Василево се гради фекален канализационен систем. Ова е историски момент за Василево бидејќи ова е проект долгоочекуван и неопходен за секојдневното живеење на граѓаните од населеното место Василево. Со овој проект настапив и на Локалните избори 2021 година како ветување и врз основа на тоа ја добив довербата од граѓаните да ја водам општина Василево. Задоволството е огромно што денес сум токму овде на самото место каде што се реализира ова мое ветување. Задоволството е обострано –  и кај мене како градоначалник но и кај граѓаните на населеното место Василево бидејќи јас го исполнувам моето ветување а граѓаните на општина Василево и на населеното место Василево добиваат подобри услови за секојдневно функционирање. Повеќе нема да има излевање на септичките јами а со тоа ќе се заштити животната средина“, порача во својата изјава градоначалникот Андонов, кој воедно најави и континуитет во овие активности во текот на неговиот мандат.

Градоначалникот најави дека продолжуват со реализација на фекална канализација и во населеното место Пиперево и во населеното место Ангелци.

„Мојата интенција е до крајот на  мојот мандат  во населеното место Василево да се изгради повеќе од 60 % од фекалната канализација. Со реализацијата на овој проект но и на сите останати проекти покажуваме дека наш интерес, наш приоритет се потребите на граѓаните“, рече Андонов.

Должината на кракот во изградба е 753 метри и согласно Договорот со изведувачот ДПТУ Портланд, Буџетот за негова реализација изнесува 3 257 961 денари, средства кои општината ги обезбеди од сопствените извори на приходи.

Василево

Денот на пролетта одбележан во општина Василево

Avatar

Published

на

Со садење дрвца во општинскиот двор, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов и  вработените во општината, симболично го одбележаа денот на пролетта.

„Со овој чин на садење дрвца во дворот,  сакам да упатам порака дека секој од нас и со само едно засадено дрвце, може да даде придонес во одржувањето на животната средина и да оддаде благодарност за благодетите што ги  уживаме од мајката природа“ , изјави градоначалникот Андонов кој исто така се  вклучи и во еколошката  акција организирана во ООУ „Гоце Делчев“ Василево во која учениците и вработените во училиштето го уредуваа и озеленуваа училишниот двор.

Доаѓањето на пролетта го поздравија и дечињата од детската градинка „Прва радост“, Василево, кои на симпатичен начин костимирани во јаготки и буба мари, продефилираа низ улиците на Василево посакувајќи и добредојде на пролетта.

Прочитај повеќе

Василево

Потенцијалите на општина Василево, презентирани пред дипломатскиот кор

Avatar

Published

на

„Општина Василево ќе биде меѓународно препознаена и афирмирана“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во врска со презентацијата на потенцијалите на општина Василево во рамки на Дипломатско економскиот караван во Југоисточниот плански регион, кој, вчера се одржа во Радовиш.

„Денес пред дваесетина амбасадори, конзули и нивни придружници од неколку земји од светот во општина Радовиш, ги презентирав културните, економските и туристичките потенцијали на општина Василево. Пред дипломаткиот кор, ги презентирав можностите за инвестирање во проектот ,,По стапките на Мисс Стоун ” , кој треба да се реализира на брана Турија“, информираше  градоначалникот Андонов.

Економско дипломатскиот караван, беше организиран од страна на Министерството за надворешни работи со цел пред присутните дипломати и нивните придружници, општините и компаниите да ги презентираат своите можности и потенцијали за инвестирање.

Прочитај повеќе

Василево

Заврши реновирањето на училиштето во Висока Маала

Avatar

Published

на

Заврши реновирањето на училиштето во Висока Маала со средства од Rumeli Türkleri Kültür ve Dayanışma Derneği од Турција и обезбедени средства од општина Василево, со што училиштето доби целосно нов изглед. Реновирањето на училиштето во Висока Маала опфати реконструкција на кровот, нови клупи, столови, нов под во училниците, нови училишни тоалети, нови печки за загревање на училниците.

На свечен начин, со сечење лента,  во  присуство на многу гости и  претставници од донаторот – Културно хуманитарното здружение на Македонците од Румелија, беше пуштено во работа реновираното подрачно училиште „Атанас Нивичански“ во Висока Маала. Присутните ги поздравија претседателот на Здружение на Македонците од Румелија, Аднан Шахинлер,   претседателот на Движењето за национално единство на Турците, Ердоган Сарач, Генералниот конзул на РСМакедонија во Истанбул, Актан Аго и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

„Поединецот за да биде корисен за семејството и државата  потребно е да се образува. Огромна можност и предност е тоа што турските деца што учат во РМакедонија, учат на својот мајчин јазик“, рече генералниот конзул, притоа како во конкретниот случај,   потенцирајќи го значењето и потребата од помош и поддршка од невладините организации и граѓаните.

Задоволство од реализацијата на проектот изрази и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој потенцира дека големината на проектот е во тоа што се работи за децата, за нивната иднина, и дека проектот е реализиран благодарение на воспоставената соработка со партнерите од Р.Турција, која се темели пред се на искрено пријателство и коректни  партнерски односи.

Во овој објект настава посетуваат учениците од прво, второ и трето одделение, кои додека траеше реновирањето, учеа во две смени, заедно со учениците од четврто и пето одделение,  во училишниот објект  на влезот од населеното место.

Прочитај повеќе