Радовиш
Не си свесна колку си моќна. Бори се! Порака од една млада девојка, жена, по повод 8-ми Март
Published
7 месеци agoна
By
Media Press
Денеска се одбележува 8 Март, Меѓународен ден на жената. Ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век. Во денешно време одбележувањето се сведува генерално на прослави и подарување подароци, но вистинската смисла на одбележувањето на овој ден е секојднева борба и испраќање порака, за рамноправност на жената.
Една таква моќна порака испраќа една млада девојка, жена, чија професија, од хоби прерасна во предизвик.

Александра Аврамова од с.Јаргулица, Општина Радовиш, иако е магистар по фармација, веќе 5 години е зад воланот и врши јавен превоз, секојдневна одговорност за патниците кои ги превезува од село во град и обратно.
Александра денеска испрати моќна порака од своето работно место, притоа честитајќи им го 8-ми Март на сите жени.
„За мене секој ден е 8ми март. Секојдневно ја водам борбата на жената за нејзините права. Се соочуваме со општество полно со предрасуди и разнишани вредности. Веќе 5 години работам јавен превоз. Возењето на почетокот ми беше хоби потоа ми стана предизвик. Кога станав магистер по Фармација почувствував дека тоа е премногу лесно за мене и одлучив да направам пауза со фармацијата овде. Во моментот учам јазик и се спремам за постдипломски надвор од државата. Имав некакво чувство дека овде општеството има потреба од нешто друго. Затоа после мојата баба, застанав на чело на нашата фамилијарна фирма за јавен превоз. После 5 години работа, можам да кажам дека тоа беше најдобрата одлука која ја донесов во мојот живот. Постојано се надоградувам и учам. Иако не сум во аптека, јас пак служам и се грижам за луѓето. Едноставно решив да бидам јас, промената која сакам да ја видам во светот. Им порачувам на сите жени да бидат тие промената што сакат да ја видат во светот. Замислете го општеството како втор дом. Зарем може да биде домот, дом без жена ?!“ вели Александра по повод празникот 8-ми Март.

Со одлука на Обединетите нации од 1975 година, 8 Март беше прогласен за Меѓународен ден на жената.

Радовиш
ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари
Published
5 часа agoна
октомври 4, 2023By
Media Press
ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација за времена дислокација на градскиот пазар поради изведување на градежни работи за изградба на нов пазар. од тие причини ги известува продавачите и граѓаните на Општина Радовиш дека од овој викенд пазарот ќе се премести на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш.
„Врз основа на Одлуката на Советот на општина Радовиш за времена дислокација на “Градски пазар” Ве известуваме дека ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш. Почнувајќи од сабота 07 октомври 2023 година зелениот пазар ќе функционира на таа локација се до завршувањето на изградбата на новиот покриен пазар. За сите прашања може да контактирате со одговорното лице Велин Ангелов лично или преку повик на бројот 071 793 756.
Радовиш
Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица
Published
2 дена agoна
октомври 2, 2023By
Media Press
Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30 %.
Градоначалникот Ацо Ристов заедно со претставници од партмерите вклучени во проектот, изврши увид во работните активности и како што вели овој проект е предвиден за намалување на трошоците на електрична енергија за улично осветлување во руралните населени места преку искористување на обновливи извори на енергија.

Партнери во проектот се Општина Радовиш, Ромалитико, “ Мрежа за рурален развој, УСАИД Проект “Програма за развој на заедницата“ и ЛАГ Плачковица.

Радовиш
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите
Published
5 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.
„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прием на првачињата од ООУ „Атанас Нивичански“ во Детската организација

Пензиите ќе се зголемат за околу 6%, за толку се обезбедени средства во Буџетот со прераспределбата

Седум најдобри извори на КОМПЛЕТНИ ПРОТЕИНИ: Можете да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана

Листа на нај-економични Дизел Автомобили
