Connect with us

Македонија

До крајот на неделата ќе се донесе одлука за замрзнување на цените и на тестенините, најави министерот за економија

Avatar

Published

на

До крајот на неделата ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на тестенините, а се прават анализи за можноста за замрзнување на цената на млечните производи. Согласно анализите на Министерството за економија од информации на производителите, цената на малсото за јадење во наредните 10 дена ќе биде под 100 денари за литар, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

„ Најверојатно до крајот на неделата ќе има одлука за замрзнување на цените на тестенините, односно за макарони и шпагети. Минималното намалување ќе биде 10% од постоечките цени на овие тестенини, според првичните анализи, но убеден сум дека намалувањето ќе биде и поголемо имајќи во предвид дека имаме цени од одредени тестенини кои во моментов се продаваат по 51 денар, тие нема да бидат повеќе од 44 денари, имаме тестенини кои се продаваат од околу 60 денари, тие нема да бидат повеќе од 52 денари, ќе има големо намалување во тој дел“ кажа министерот Бектеши.

Министерот кажа дека одредени прехранбени компании веќе самостојно најавија намалување на цените на нивните производи и ги повика и другите компании да го следат примерот.

Министерот ги охрабрува производителите сами да донесат одлука за намалување на цените без одлука на Влада. „Во случај ако тоа не се прави самостојно, а анализите покажуваат простор за намалување тогаш ќе донесеме одлука и за други производи, а тука генерално влегуваат млечни производи“ кажа Бектеши.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

МНР: Стапуваа на сила трите договори во рамки на Берлинскиот процес

Avatar

Published

на

Денес во Република С. Македонија, Република Албанија и Република Косово стапуваат на сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година, во рамките на Берлинскиот процес – Договорот за слободно движење во Западен Балкан со лични карти, Договорот за признавање на високо образовните квалификации и Договорот за признавање на стручните квалификации на доктори, стоматолози и архитекти. Многу бргу се очекува влегување на сила на договорите и во останатите три држави потписнични, согласно завршените правни процедури кај нив – Република Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, информираат од Министарството за надворешни работи.

Со нив се воспоставува слободно движење на луѓето само со лични карти во рамките на Западен Балкан; се овозможува мобилност на студентите, професорите и академските работници, додека процедурите за признавање се скратуваат од неколку месеци на две недели и без трошоци; докторите на медицина, забарите и архитектите ќе можат своите услуги да ги нудат слободно низ регионот.

„Секој од овие договори дава специфична можност да им помогне на нашите граѓани да го искористат својот потенцијал, да ги прошират своите искуства и да придонесат за доброто на нашиот регион. Договорите претставуваат значаен чекор напред во нашите напори да им овозможиме на граѓаните слобода на движење и интеграција, како услов за воспоставување на заеднички регионален пазар, што ќе претставува најбезбеден и најбрз пат кон исполнување на нашата заедничка цел – членство во Европската унија“, изјави денес министерот Османи.

Прочитај повеќе

Македонија

Левица: Нема европска држава со етничка припадност во изводи – Левица ќе оспори пред Уставен суд

Avatar

Published

на

Откако пратениците на #Левица, со 1300 амандмани, ефективно го блокираа внесувањето етничка припадност во лични карти, не престануваат обидите за дејтонизација од страна на анти-народната влада. Иако само 20 држави во светот имаат етничка припадност во лични документи (од кои ниту една не е европска држава!), после неуставно воведените двојазични униформи, пасокизираната СДС забрзано ја спроведува Тиранската плаформа, во очаен обид да не ја загуби владината коалиција, стои во објавата на политичката партија Левица.

„Како што најави министерот од редовите на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, внесувањето етничка припадност во изводите ќе се реализира само СО УПАТСТВО, што претставува противуставна промена на подзаконски акт, при што директно се заобиколува Парламентот, како највисок законодавен орган! Јасно е дека ваквите големоалбански барања се резултат на недостиг на визија и програма за социјални и економски проекти, додека мнозинството Албанци, како и Македонците, масовно се иселуваат поради погубните политики на ваквите истрошени политичари.

Потсетуваме дека во февруари 2021 година, евроамбасадорот Дејвид Гир изјави дека регулативата на ЕУ ЗАБРАНУВА споделувањето на лични податоци како расна и етничка припадност, како и политичка и верска припадност“, велат од партијата.

Целата објава на линкот: https://www.facebook.com/PartijaLevica

Прочитај повеќе

Земјоделие

МЗШВ: Мерката за авионско засејувања на облаците, оваа година сепак нема да продолжи

Avatar

Published

на

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво заедно со Управата за хидрометеоролошки работи ги известува земјоделците и пошироката јавност во земјава, дека после четири години успешно користење на мерката за авионско засејувања на облаците, оваа година и покрај напорите на Управата, сепак мерката нема да продолжи.

„Авионското засејување на облаците беше ефикасна метода која успешно се спроведуваше од 2019 та година, со што во повеќе наврати успешно беа спречени штети од град врз земјоделските посеви низ целата територија. За жал, војната во Украина предизвика големо нарушување на светскиот пазар на реагенси кои се користат како компоненти во ракетните горива, поради што ваквите реагенси се дефицитарни и тешко достапни.

Управата за хидрометеоролошки работи уредно спроведе постапка за јавна набавка, но за разлика од минатите години, овој пат на повикот не се пријави ниту еден економски оператор.

Управата ќе продолжи да ја следи состојбата и веднаш штом пазарот со реагенси ќе се стабилизира, повторно ќе распише нова јавна набавка за активирање на мерката за заштита од град по пат на авионско засејување. Во меѓувреме, Управата преку својата веб страна и медиумите, редовно ќе известува за временските услови и навремено ќе алармира за можни временски непогоди со цел земјоделците навремено да превземат мерки за заштита“, соопштуваат од МЗШВ.

Прочитај повеќе