Connect with us

Радовиш

Реконструирана спортската сала во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш, за прв пат од изградбата на училиштето

Avatar

Published

на

Извршена реконструкција на спортската сала во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш со цел да им се овозможат подобри услови на учениците при одржување на часовите по физичко и здравствено образование. Ова е прва реконструкција на салата од изградбата на училиштето во вакви размери за што се вложени околу 3,5 милиони денари.

„Проектот опфати поставување на ходроизолација, топлинска изолација, поставување на нов паркет и целосна замена на електричната инсталација. Реконструкција на спортската сала од вакви размери, за прв пат се реалзира од отварањето на училиштетото“, рече директорот Миле Арсов.

Реконструкцијата е извршена во координација со градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов со цел зголемување на квалитетот на образованието. Тој денеска беше во посета на училиштето при што најави дека  гимназијата ќе биде опфатена и со проектот за  енергетска ефикасност, а ќе бидат реконструирани и тоалетите и гардеробите.

„Подолго време разговаравме со директорот на гимназијата за да ги детектираме најслабите точки во училиштето за да добијат учениците  идеални услови за работа. Затоа почнавме од спортската сала бидејќи како што рече директорот, таа не е реновирана од нејзината изградба. Планираме да направиме енергетска ефикасност на останатиот дел од објектот, инсталација на фотоволтаици на гимназијата. До следната сезона се надеваме дека ќе го замениме и греењето на училиштето односно да добиеме еден енргетски ефикасен објект“, рече градоначалникот Ристов, кој додаде дека како општина ќе се заложат да го вратат сјајот на радовишката гимназија, кога таа се бараше како место за учење и стекнување на образование, на што изминатите генерации добро се сеќават.   

Радовиш

Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.

Прочитај повеќе

Радовиш

Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче

Avatar

Published

на

Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.

Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш

Avatar

Published

на

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.

 Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.

Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.

На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.

Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

Прочитај повеќе