Радовиш
Регионален натпревар по математика денеска се одржа во ООУ „Никола Карев“-Радовиш
Published
7 месеци agoна
By
Media Press
ООУ „Никола Карев“ од Радовиш денеска беше домаќин на Регионален натпревар по математика во организација на Сојузот на метематичари на Македонија.
„Како домаќини на натпреварот се погриживме за одлична организација во корелација со акредитираниот сојуз за натпревари и во беспрекорни услови се одржа фер и коректен натпревар на кој зедоа учество вкупно 103 ученици од регионот“, вели директорот на училиштето Кире Јанковски.

Делегатот на натпреварот Александар Печков, заедно со координаторот на настанот Анита Митева Цветковски, директорот на училиштето и тимот на наставници кои го помогнаа целиот настан, како и самите ментори- наставници од целиот регион, на сите ученици учесници им посакуваат успех и во понатамошните нивоа на натпреварувања.
Дел од атмосферата на комисијата за прегледување на регионален натпревар математика 2023

Поврзани содржини
ООУ „Никола Карев“ од Радовиш реализираше активност како дел од Проектот „ЈАКНЕЊЕ НА МУЛТИЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА ВО ОПШТИНИТЕ“
Во недела на 9-ти април, Штрапаријада – натпревар на коњи, во село Сарај Општина Босилово
Симулациска вежба при пожар, рушевини и евакуација на лица од ООУ „Никола Карев“ во Радовиш
Ученици од ООУ „Никола Карев“ и корисниците на ДЦ Порака од Радовиш со заедничка работилница
Реализиран настан „Возење велосипеди – промовирање на велосипедот како превозно средство“ во организација на ООУ Никола Карев, Радовиш
Со пригодна програма за добредојде на првачињата започна првиот училишен ден во ООУ Никола Карев во Радовиш
Радовиш
ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари
Published
3 часа agoна
октомври 4, 2023By
Media Press
ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација за времена дислокација на градскиот пазар поради изведување на градежни работи за изградба на нов пазар. од тие причини ги известува продавачите и граѓаните на Општина Радовиш дека од овој викенд пазарот ќе се премести на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш.
„Врз основа на Одлуката на Советот на општина Радовиш за времена дислокација на “Градски пазар” Ве известуваме дека ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш. Почнувајќи од сабота 07 октомври 2023 година зелениот пазар ќе функционира на таа локација се до завршувањето на изградбата на новиот покриен пазар. За сите прашања може да контактирате со одговорното лице Велин Ангелов лично или преку повик на бројот 071 793 756.
Радовиш
Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица
Published
2 дена agoна
октомври 2, 2023By
Media Press
Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30 %.
Градоначалникот Ацо Ристов заедно со претставници од партмерите вклучени во проектот, изврши увид во работните активности и како што вели овој проект е предвиден за намалување на трошоците на електрична енергија за улично осветлување во руралните населени места преку искористување на обновливи извори на енергија.

Партнери во проектот се Општина Радовиш, Ромалитико, “ Мрежа за рурален развој, УСАИД Проект “Програма за развој на заедницата“ и ЛАГ Плачковица.

Радовиш
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите
Published
5 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.
„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прием на првачињата од ООУ „Атанас Нивичански“ во Детската организација

Пензиите ќе се зголемат за околу 6%, за толку се обезбедени средства во Буџетот со прераспределбата

Седум најдобри извори на КОМПЛЕТНИ ПРОТЕИНИ: Можете да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана

Листа на нај-економични Дизел Автомобили
