Connect with us

Регион

Доделени концесии за користење на дивечот во ловиштата во Валандово и Гевгелија

Avatar

Published

на

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски,  во државното ловиште „Фазанерија“ свечено ги додели договорите за концесии за користење на дивечот во ловиштата.

Минатата година беше објавен јавен повик за доделување концесија за користење на дивечот и ловиштата во 9 ловни реони во државава во кои има 43 ловишта. По завршување на постапката, склучени се 32 договори за концесии за 32 ловишта од целата територија на државава. Денеска беа доделени договорите за ловиштата во ловните реони Скопје, Свети Николе, Кавадарци, Валандово, Гевгелија, Кочани, Виница, Делчево, Гостивар, Демир Хисар, Битола, Охрид, Ресен и Кичево.

„Со ова ние ја исполнуваме нашата законска обврска согласно Законот за ловството. Сега следува вие да ги исполните вашите обврски, со фокус на формирање и трајно одржување стабилни популации дивеч, со оптимална полова и возрасна структура за континуирана репродукција на здрави и квалитетни единки, со високи трофејни вредности. Вашата улога е огромна во зачувувањето  и грижата за дивечот, преку редовни активности и почитување на обврските кои произлегуваат од договорот“ изјави министерот Николовски.

Ловството е значајна стопанска дејност на која и даваме големо значење, со посебен акцент на улогата на ловците за благосостојбата на дивечот во ловиштата и за заштитата на природата. Со доделувањето на концесиите, започнува процесот на континуирана грижа за состојбите во ловиштата.

Министерот Николовски најави дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе организира советување со сите концесионери за состојбата во ловиштата од досегашното стопанисување, со цел унапредување на соработката и подобрување на состојбите во секторот.

прикажи повеќе
Advertisement

Регион

При спроведена контрола во регионот 91 санкционирани возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената

Avatar

Published

на

На 03.12.2023 во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 91 прекршување на брзината, од кои по 36 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 10 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Гевгелија.

Од нив, 70 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 21 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Регион

Пронајдена и одземена марихуана, пријава за физички напад, дел од вчерашниот билтен на СВР Струмица

Avatar

Published

на

На 22.11.2023 година во 21.25 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.Ш.(23) од Струмица. При преглед на патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Н.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.11.2023 во 10.25 часот во Полициската станица Струмица, Ж.Т.(64) од Струмица пријавила дека на 20.11.2023 во Струмица била физички нападната од Е.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.11.2023 во 11.50 часот во Полициската станица Струмица Е.А.(68) од село Радичево, струмичко, пријавила дека во село Радичево била касната од куче скитник.

Прочитај повеќе

Регион

„Биди подготвен за безбедно патување“, превентивни активности на МВР…

Avatar

Published

на

Во текот на вчерашниот ден (13.11.) на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Штип, Велес и Струмица беа реализирани превентивни активности, од кои поголем дел посветени на законската обврска за носење на зимска опрема во возилата, која почнува од утре 15.11.

Така, на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Свети Николе под мотото – „Биди подготвен за безбедно патување“ практично ја најавија законската обврска за носење на зимска опрема во возилата, а пак во Кавадарци на подрачјето на СВР Велес полициски службеници од Отсекот за превенција при овој сектор исто така спроведоа превентивни активности на истата тема. Притоа, на возачите им беа делени едукативни материјали изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На подрачјето на СВР Струмица поточно во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ со средношколците од втора и од четврта година беше одржана едукативна работилница посветена на превенцијата на врсничкото насилство.

Прочитај повеќе