Connect with us

Василево

Вонредна седница на Советот на општина Василево

Avatar

Published

на

Советот на општина Василево вчера одржа Вонредна седница на чиј дневен ред беа четири Предлог-одлуки кои се однесуваат на аплицирање на предлог-проекти од страна на општина Василево по Јавните повици објавени од државните институции. Оправданоста за итноста на седницата ја образложи градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој рече дека е поради почитување на роковите за поднесување на апликациите по распишаните јавни повици.

Советниците имаа усогласен став и едногласно ги прифатија сите предлози кои се однесуваат на обезбедување сопствено учество на општина Василево во три различни проекти. Проектот за реконструкција на улица во с. Василево од мал парк „Методиј Митев“ до клучка за с. Пиперево и с. Добрејци општината ќе го аплицира до БРР (Бирото за регионален развој) преку Програмата за рамномерен регионален развој  за 2023 година  и тоа во однос на Проекти за развој на села и  Проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби. Сопственото учество на општина Василево во реализацијата на овој проект би  било 21% од вкупната  вредност на проектот.

Едногласно беше усвоена и предлог-одлуката за сопствено учество на општина Василево во проект за изградба на дел од канализационен систем во с. Василево, за  кој општината ќе достави апликација до Министерството за транспорт и врски, во рамки на Јавниот повик за 2023 година за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите.

Советниците беа усогласени и по последната точка од дневниот ред на денешната Вонредна седница, која се однесува на сопствено учество на општина Василево во проектот „Изградба на фекален канализационен систем за с. Ангелци- крак 15, чија апликација ќе биде доставена по Јавен повик објавен од Министерството за локална самоуправа.

Василево

Екипата на Спорт лајф победници на Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче во Пиперево

Avatar

Published

на

Синоќа во населеното место Пиперево заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче 2023 година, кој и годинава се одржа под покровителство на општина Василево. Во конкуренција од вкупно 14 екипи победник беше екипата на Спорт лајф, кои во финалето со резултат од 4:2 ја совладаа екипата на Вики маркет.

Во дуелот за третото место екипата на Алуметал Стил ги совлада ривалите од К1 и се пласираше на третото место.

Организаторот имаше обезбедено парични награди за најдобрите екипи и тоа: 40 000 денари за прво пласираните, 20 000 денари за вторите, 10 000 денари за третопласираните и 10 000 денари за четвртите.

На турнирот беа прогласени и наградени и најдобрите поединци: Игор Гонев од Вики маркет за најдобар голман  доби дрес, Трајче Димитров  од екипата на Спорт лајф  за најдобар играч и Никола Радојчиќ од екипата на Алуметал стил за најдобар стрелец. За нив организаторот имаше обезбедно фудбалски топки.

На турнирот натпревар одиграа и две екипи во јуниорска категорија и тоа ФК Единство и Агро Глобал и двете од населеното место Пиперево, кои, според зборовите на организаторот се иднината и продолжувачите на овој традиционален Турнир. За нив беа обезбедени  медали.

„Чинот на моето присуство на турнирот е најдобриот показател за мојот и односот на општина Василево кон поддршката на спортот во општина Василево и негувањето на спортскиот дух, а со тоа и промоцијата на спортот меѓу младите на  општина Василево,“, изјави градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој присуствуваше на Турнирот.

Меморијалниот Турнир Ч’крче се одржува во во чест и спомен на прерано починатиот Славе Стојанов –  Ч’крче од населенто место Пиперево. Турнирот започнува на празникот Петровден.

Прочитај повеќе

Василево

Во Радичево одбележан историски настан

Avatar

Published

на

Со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата која се наоѓа на влезот во населеното место Радичево, денеска беше одбележана 82-годишнината од средбата на струмичката и радовишката младина на која биле поставени  темелите на идната заедничка револуционерна соработка.

За настаните од тој период,  за целта и мотивите на тогашната средба беше прочитан реферат.

Пред спомен плочата се поклонија делегаии од општина Василево и од општинските одбори  на Сојузот на борците од Струмица и Струмичко и Радовиш.

Прочитај повеќе

Василево

Пријавување за Меморијален Турнир во мал фудбал Ч’крче – 2023, Пиперево, Општина Василево

Avatar

Published

на

Под покровителство на општина Василево, во населеното место Пиперево, на 12.07.2023 година, Петровден  и годинава ќе се одржи Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче. Турнирот е во чест и спомен на прерано починатиот Славе Стојанов –  Ч’крче од ова населено место.

Во тек е пријавувањето кое ќе трае до 11-ти јули, 2023 година, кога ќе биде спроведено и ждребањето на екипите.

Според Организаторот, право на учество имаат екипи од струмичкиот регион. Котизацијата изнесува 4 000 денари. На турнирот освен за најдобрите екипи, награди ќе бидат доделени и за најдобар играч, најдобар голман и најуспешен стрелец. Турнирот ќе се одржи на игралиштето во центарот на село Пиперево.

За следење на сите информации поврзани со овој турнир, отворена е и посебна и ФБ страна https://www.facebook.com/profile.php?id=100093093207365

За дополнителни информации и пријавување учество, заинтересираните треба да го  контактираат организаторот на следниве телефонски броеви: 078 423 181 и 078 858 269.

Прочитај повеќе