Синдикатите од јавниот сектор едногласни, со предлогот на Законот за состемот на плати во јавниот сектор се намалуваат правата на работниците
Владата ги обедини синдикатите против нејзините лоши политики. Синдикатите од јавниот сектор едногласни дека со предлогот на Законот за состемот на плати во јавниот сектор се намалуваат правата на работниците во делот за платите и се елиминира можноста за уредување на оваа материја со колективните договори со што значително ќе се влијае на укинување на колективните договори во јавен сектор во кои се уредени системот на плати и нивната исплата, а за што ССМ изнинатиот период предупредуваше.
На денешниот состанок на кој
учествуваа скоро сите Сојузи, Конфедерации и грански синдикати од јавниот
сектор, синдикатите покажаа несогласување со Законот за системот на плати во
јавниот сектор и го покажаа своето единство против намерата на Владата да стави
рака врз колективното договарање во јавниот сектор и со тоа да ги укине
колективните договори, велат од ССМ.
Од Сојузот на синдикатите на Македонија додаваат дека како единствен репрезентативен
синдикат во јавен сектор ниту пак било која друга Конфедерација или пак грански
синдикат, во ниту еден момент не биле вклучени, ниту информирани за подготовката
на Предлог на Закон за системот за плати во јавен сектор.
Состанокот се одржа во рамките на Синдикалната школа организирана од ССКЦ на тема Новиот нацрт Закон за состемот на плати во јавниот сектор и неговото влијание на улогата и значењето на синдикатите и на колективното договарање.