Конче
Изгоре дел од кровната конструкција на куќа во Конче, при предизвикан пожар
Published
3 недели agoна
By
Media Press
Вчера во Полициската станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на Х.Д.(66) од село Конче, радовишко, во кој изгореле дел од кровната конструкција на куќата, неколку простории и дел од покуќнината.
Повредени лица нема, а по интервенција на Територијалната противпожарна единица од Радовиш пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен, информира СВР Струмица.
Поврзани содржини
Општина Конче утринава, во зимска идила
Предизвикан пожар на паркинг простор на улица „Индустриска“ во Радовиш, интервенирала ТППЕ
Започна реконструкцијата на Домот на културата во с. Лубница, Општина Конче
Утре, симулациска вежба во ООУ „Никола Карев“-Радовиш
ТППЕ од Радовиш викендот интервенирала на повеќе пожари на отворен простор
Високи резултати на Бучим Шампиони од Конче на Државното изборно првенство во Кочани, освои 8 медали

Иако на крајот од зимата, снегот утринава го разубави конечкиот крај. Сите оние кои патуваа кон Конче во утринските часови, ужива во прекрасната идила која за жал оваа зима ја немаше и поминавме една блага зима без снег. Но зимата знае и да изненади како што беше случајот утринава.


Конче
Се наближува одбележувањето на 100 – годишнината од масакрот во село Гарван, Општина Конче
Published
1 недела agoна
март 17, 2023By
Media Press
Сојузот на здруженија на борците од НОВМ и нивните подржувачи од општините Радовиш и Конче, организира одбележување на 100 – годишнината од масакрот во село Гарван, Општина Конче. Организациониот одбор ги поканува граѓаните да присуствуваат на тажниот јубилиј, кој ќе се одржи на 23 март 2023 година во село Гарван.
По завршувањето на официјалниот дел, за сите присутни бесплатно се обезбедени заеднички ручек и брошура „Незаборавник за масакрот во село Гарван“.
Сојузот на здруженија на борците од НОВМ и нивните подржувачи од општините Радовиш и Конче, организира превоз за сите кои ќе сакаат да дојдат, без разлика дали се членови на сојузот или не.
Пријавувањето за организиран превоз и присуство ќе се врши до 20 март, 2023 година.
Инаку Гарванскиот масакр, е колеж извршен во село Гарван, Општина Конче, во радовишкиот крај, од страна на воена единица на Кралството на СХС по наредба на жупанот на Брегалничкиот округ, Добрица Матковиќ, како одмазда за смртта на колонистите во селото Кадрифаково, Свети-николско, убиени од четата на ВМРО на 16 јануари 1923 година.
Настанот се случил кога четата предводена од војводата Иван Јанев-Брло го нападнала светиниколското село Кадрифаково на 16 јануари 1923 година и убила 23 селани и членови на нивните семејства. Настанот означувал незадоволство од страна на Македонците за тешката состојба каде се наоѓале под српска окупација и насилното колонизирање на други неавтохтони народи на македонските земји. По нападот, српските колонисти го напуштаат селото. Потоа следи контра масакр на српските власти, во селото Гарван.
На 2 март 1923 година селото било гранатирано и биле застрелани без судење 29 селани, сите мажи, меѓу кои и три деца од 12 до 18 години. Дополнително, една 65-годишна старица од глетката на труповите од ужас починала на самото место. За настанот имало реакции не само од домашната, туку и од европската демократска јавност.
Инаку Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов во 1900 година, селото имало 270 жители, сите Македонци. По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев во 1905 година во Гарван имало 320 Македонци.
Според пописот во 2002 година, селото Гарван имало 11 жители, од кои 10 Македонци и 1 Србин. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, од кои 1 Македонец и 2 лица без податоци.
Конче
Започна реконструкцијата на Домот на културата во с. Лубница, Општина Конче
Published
2 недели agoна
март 14, 2023By
Media Press
Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов ја најави пролетната градежна офанзива во Општина Конче која започнува со реконструкција на Дом на културата во с. Лубница.
„Од денеска ја најавуваме градежната офанзива во општина Конче, започнуваме со реконструкција на Дом на културата во с. Лубница, со вкупна вредност од 4.253.734,00 денари, каде изведувач е ,, Пешо Инжинеринг”Струмица., средства обезбедени преку Центар за развој на Југоисточниот плански регион, односно Биро за регионален развој. Времетраењето на реконструкцијата на објектот е 7 месеци, со што очекуваме да се промени состојбата на последниот објект од таков карактер во општина Конче“, објави градоначалникот Ристов на социјалните медиуми.


Денеска во Струмица, превентивни активности во рамки на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“

Улицата „Видое Смилевски Бато“ во Радовиш, конечно е асфалтирана, 25-годишен проблем на граѓаните

Вчера во СРЦ „25 Мај“ се одиграа полуфинални дуели во машка категорија од одбојкарскиот куп на Македонија

Апликацијата МОЈДДВ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник
