Connect with us

Радовиш

ТППЕ од Радовиш викендот интервенирала на повеќе пожари на отворен простор

Avatar

Published

на

Во текот на изминатиот викенд во ТППЕ Радовиш биле  пријавени неколку пожари на кои екипи од пожарната интервенирале. Од тие причини од TППЕ Радовиш упатува апел до граѓаните за поголемо внимание во овој период, во кој се вели:

„Во текот на изминатиот викенд пријавени се повеќе пожари на кои TППЕ Радовиш интервенираше  на отворен простор на запалена сува трева, стрништа, отпадни материјали и слично, пред се поради необично високите температури за овој период од годината. Во пожарите биле загрозени и објекти од типот на викенд куќи, магацини или други помошни станбени објекти.

При чистење на земјоделските површини за претстојната сезона особено да се внимава да не се предизвика пожар со што би се загрозило здравјето, животот и безбедноста на нашите сограѓани како и да се внимава да не се предизвика и било каква материјална штета на блиските објекти.

Затоа упатуваме еден јавен апел до сите граѓани на општина Радовиш како и општина Конче каде што интервенира ТППЕ Радовиш, да се постапува внимателно и да не се палат огнови на отворено!“ стои во апелот од пожарната од Радовиш

Радовиш

Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.

Прочитај повеќе

Радовиш

Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче

Avatar

Published

на

Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.

Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш

Avatar

Published

на

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.

 Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.

Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.

На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.

Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

Прочитај повеќе