Радовиш

Започна изградбата на локалниот пат – обиколница, која ги поврзува улиците Плачковица и Калаузлиска во Радовиш

Граѓаните кои што живеат на обиколницата, која ги поврзува улиците Плачковица и Калаузлиска во Радовиш, после 20 -тина години ветувања, конечно ќе добијат асфалтирана улица.

Градежните ективности започнаа деновиве и се во понапредна фаза, пред тампонирање. Граѓаните задоволни што конечно ќе дојдат до асфалтирана улица иако живеат со години во Радовиш.

Градоначалникот Ацо Ристов денеска изврши увид во работните активости.

Изградбата на улицата со асфалтирање во должина од 906 метри, се очекува  да заврши до крајот на мај, доколку нема неочекувани проблеми. Инвестицијата е вредна околу 16 милиони денари од кои околу 25% се учество на општината, останатите се обезбедено до Центарот за развој на југоисточниот плански регион и Бирото за регионален развој, како дел од Проектот „Туризмот – иднината на регионот“.

Оваа обиколница е од огромно значење за граѓаните на општина Радовиш кои живеат во тој дел од градот а со тоа и за самиот пристап кон планината Плачковица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago