Василево

Улиците во Радичево и Чанаклија подготвени за асфалт

Во тек се работните активности за изградба на две нови улици во населените места Радичево и Чанаклија во Општина Василево кои се подготвени за асфалтирање. Активностите на овие две улици се одвиваат паралелно и во двете населени места.  Досега  целосно се завршени земјените работи, односно и  двете улици  се израмнети, насипани и тампонирани.

Во населеното место Чанаклија, улицата води кон Католичката црква,   долга е 137 метри, широка околу 3,2 метри  а Буџетот за нејзина реализација во износ од околу 648 илјади е обезбеден од општинската каса. Оваа Улица е планирана со Програмата за изградба на локални патишта и улици во општина Василево за 2022 година.

Во населеното место Радичево, улицата се гради во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион (ЦРЈИПР) и истата води кон црквата Св. Илија.  Истата е во должина од 327 метри а  широка околу 3 метри. Одводнувањето е решено со риголи. Буџетот во висина од 2 196 000 денари е обезбеден од страна на Центарот за развој на ЈИПР.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago