Connect with us

Македонија

Министерот Шаќири презентираше нов систем за финансирање за поквалитетно основно образование

Media Press

Објавено на

Министерот Шаќири презентираше нов систем за финансирање за поквалитетно основно образование.

Средствата кои се издвојуваат за образованието од државниот буџет, од година во година растат но, неопходно е да се промени начинот на нивна распределба со цел да се подобри ефикасноста во трошењето, да се обезбедат доволно финансиски ресурси за да се исполнат образовните стандарди во училиштата, да се зајакнат резултатите од трошењето на средствата, и да се обезбеди дека распределбата на средствата за општините и училиштата се заснова на објективни критериуми и е правична, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на седницата на Комисијата за финансирање на општините, каде беше претставен новиот систем на финансирање на основното образование според стандарден трошок по ученик. На седницата беше присутен и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов.

Министерот појасни дека постојната формула за распределба на блок дотациите за основно образование меѓу општините, не тргнува од тоа колку средства им се потребни на училиштата за да обезбедат квалитетно образование за сите ученици и за исполнување на образовните стандарди, соодветно на  различните потреби на секое училиште. Дополнително, постојниот систем на финансирање не овозможува општините да добијат доволно средства за професионален развој на наставниците, средства за поголема инклузивност во училиштата, за превоз на учениците и задоволување на останатите потреби. 

„Новата формула има 4 компоненти, од кои првата односно основната компонента е заснована на трошоците по ученик. Со втората, варијабилна компонента, се обезбедуваат средства за превоз на учениците, како и за трошоци за ученици со посебни образовни потреби, за ученици од социјално загрозени семејства, како и за ученици кои следат настава на јазик на помалите етнички заедници. Третата компонента обезбедува средства за општините во периодот на прилагодување кон новата формула на финансирање. Последната е развојна компонента која ќе ги поттикнува училиштата да ги подобруваат резултатите од година во година, согласно конкретни параметри, доколку сакаат да добијат повеќе финансиски средства“, нагласи министерот Шаќири. 

Партнери на Министерството за образование и наука во овој сегмент на реформата на националниот образовен систем се Светска банка и УНИЦЕФ.  

Обезбедувањето квалитетно образование што ќе им овозможи на децата и младите луѓе да бидат на рамниште на нивните врсници од развиениот свет, со знаења, вештини и компетенции вклучува и оптимално трошење на расположивите финансиски средства. 

прикажи повеќе

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе