Connect with us

Македонија

АВМУ го поддржа протестниот марш за одбрана на новинарското достоинство

Avatar

Published

на

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го поддржа и се приклучи кон протестниот марш на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари, кој е израз на незадоволство на новинарите од нападите врз нив и општествените и социо-економските услови во кои тие работат.

„Нападите, етикетирањата и омаловажувањето на медиумските работници, кои зачестија изминатиот период, се апсолутно неприфатливи, особено кога доаѓаат од носители на јавни функции. На овој начин се загрозува професионалното работење и безбедноста на новинарите и се поттикнува омраза и насилство поради што ваквото однесување во ниту еден случај не смее да стане пракса.

Само медиумските професионалци кои се ослободени од било каков притисок и на кои не им се загрозени работничките и човековите права, можат да придонесат за развојот на демократијата и за зачувување и промовирање на слободата на изразување и слободата на информирање“, стои во соопштението од АВМУ.

Македонија

МНР: Стапуваа на сила трите договори во рамки на Берлинскиот процес

Avatar

Published

на

Денес во Република С. Македонија, Република Албанија и Република Косово стапуваат на сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година, во рамките на Берлинскиот процес – Договорот за слободно движење во Западен Балкан со лични карти, Договорот за признавање на високо образовните квалификации и Договорот за признавање на стручните квалификации на доктори, стоматолози и архитекти. Многу бргу се очекува влегување на сила на договорите и во останатите три држави потписнични, согласно завршените правни процедури кај нив – Република Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, информираат од Министарството за надворешни работи.

Со нив се воспоставува слободно движење на луѓето само со лични карти во рамките на Западен Балкан; се овозможува мобилност на студентите, професорите и академските работници, додека процедурите за признавање се скратуваат од неколку месеци на две недели и без трошоци; докторите на медицина, забарите и архитектите ќе можат своите услуги да ги нудат слободно низ регионот.

„Секој од овие договори дава специфична можност да им помогне на нашите граѓани да го искористат својот потенцијал, да ги прошират своите искуства и да придонесат за доброто на нашиот регион. Договорите претставуваат значаен чекор напред во нашите напори да им овозможиме на граѓаните слобода на движење и интеграција, како услов за воспоставување на заеднички регионален пазар, што ќе претставува најбезбеден и најбрз пат кон исполнување на нашата заедничка цел – членство во Европската унија“, изјави денес министерот Османи.

Прочитај повеќе

Македонија

Левица: Нема европска држава со етничка припадност во изводи – Левица ќе оспори пред Уставен суд

Avatar

Published

на

Откако пратениците на #Левица, со 1300 амандмани, ефективно го блокираа внесувањето етничка припадност во лични карти, не престануваат обидите за дејтонизација од страна на анти-народната влада. Иако само 20 држави во светот имаат етничка припадност во лични документи (од кои ниту една не е европска држава!), после неуставно воведените двојазични униформи, пасокизираната СДС забрзано ја спроведува Тиранската плаформа, во очаен обид да не ја загуби владината коалиција, стои во објавата на политичката партија Левица.

„Како што најави министерот од редовите на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, внесувањето етничка припадност во изводите ќе се реализира само СО УПАТСТВО, што претставува противуставна промена на подзаконски акт, при што директно се заобиколува Парламентот, како највисок законодавен орган! Јасно е дека ваквите големоалбански барања се резултат на недостиг на визија и програма за социјални и економски проекти, додека мнозинството Албанци, како и Македонците, масовно се иселуваат поради погубните политики на ваквите истрошени политичари.

Потсетуваме дека во февруари 2021 година, евроамбасадорот Дејвид Гир изјави дека регулативата на ЕУ ЗАБРАНУВА споделувањето на лични податоци како расна и етничка припадност, како и политичка и верска припадност“, велат од партијата.

Целата објава на линкот: https://www.facebook.com/PartijaLevica

Прочитај повеќе

Земјоделие

МЗШВ: Мерката за авионско засејувања на облаците, оваа година сепак нема да продолжи

Avatar

Published

на

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво заедно со Управата за хидрометеоролошки работи ги известува земјоделците и пошироката јавност во земјава, дека после четири години успешно користење на мерката за авионско засејувања на облаците, оваа година и покрај напорите на Управата, сепак мерката нема да продолжи.

„Авионското засејување на облаците беше ефикасна метода која успешно се спроведуваше од 2019 та година, со што во повеќе наврати успешно беа спречени штети од град врз земјоделските посеви низ целата територија. За жал, војната во Украина предизвика големо нарушување на светскиот пазар на реагенси кои се користат како компоненти во ракетните горива, поради што ваквите реагенси се дефицитарни и тешко достапни.

Управата за хидрометеоролошки работи уредно спроведе постапка за јавна набавка, но за разлика од минатите години, овој пат на повикот не се пријави ниту еден економски оператор.

Управата ќе продолжи да ја следи состојбата и веднаш штом пазарот со реагенси ќе се стабилизира, повторно ќе распише нова јавна набавка за активирање на мерката за заштита од град по пат на авионско засејување. Во меѓувреме, Управата преку својата веб страна и медиумите, редовно ќе известува за временските услови и навремено ќе алармира за можни временски непогоди со цел земјоделците навремено да превземат мерки за заштита“, соопштуваат од МЗШВ.

Прочитај повеќе