Трајанов: Ова е дно во политиката, бродот на СДС тоне, но загрижува тоа што на бродот се наоѓа и македонскиот народ
„Ова е дно во политиката“, рече радовишкиот пратеник Здравко Трајанов на вчерашната собраниска седница критикувајќи го начинот на кој владее СДСМ а тоа е со уцени, закани, кривични пријави и прогони .
„Па има ли поголемо дно од ова што денес се случува во државата. Нема никакво објаснување за министерот Беким Сали, за ресорот здравство, за програмските активности на СДС и Алтернатива, дали беше таа добра или лоша политика. Едноставно министерот Беким Сали беше ставен на “Пазар 3„ или како некој “сточен пазар„“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов на денешната собраниска седница.
Тој посочи дека сосема е разбирливо зошто ова се случува, затоа
што бродот многу забрзано тоне.
„Бродот на СДС тоне. Капетанот Заев и тепсијата ги нема. Премиерот го местат да ја плати целата сметка“, посочи Трајанов додавајќи дека загрижува тоа што на бродот кој тоне се наоѓа и македонскиот народ, и тоа ниту е фер ниту е чесно кон македонскиот народ. Затоа што ќе страдаат и Македонци, Албанци, Турци, Роми и сите останати.
Трајанов вели дека треба да се загрижат и САД и Амбасадата, ЕУ и холандскиот
амбасадор.
„Уставните измени за
промена на името беа донесени под притисок на кривични пријави и прогони и сите
оние кои поткленаа на овие уцени се на на слобода, иако милион криминалци са на
слобода. Кастриот Реџепи се потпиша свесно за разрешување на владата преку ноќ
ја смени својата визија за политиката“, додаде меѓудругото Трајнаов, кој упати порака до СДСМ и нивните пратеници и
функционери.
„Уште една порака до СДСМ поточно до пратениците и функционерите
на оваа партија. Верувајте ќе ве пуштат и вас низ вода, како што сите се
пуштени кои гравитираат кон оваа Влада. Никој не сака да го штитите криминалот
на СДС и немојте да бидете соучесници со луѓе кои не се заинтересирани ниту да
присуствуваат на оваа седница ниту да бранат било што во политиката, нив ги
интересира само криминал“, вели Трајанов.
Трајанов потенцираше дека секој еден чесен време е да го напушти тој брод, затоа што нема спас. СДСМ на наредните избори покрај тоа што ќе доживее дебакл ќе се и распадне затоа што ова не е човечки и демократски. Ова е само интерес на криминалци кои се собрани и секојдневно продаваат различни приказни.