На една недела пред започнувањето на Струмичкиот карневал Општина Струмица И карневалистите ги прават последните подготовки.
Градоначалникот Костадин Костадинов на прес конференција со претседателот на на Организациониот одбор на карневалот, Александар Цицимов изјави дека и годинава ќе има уште едно успешно издание на Струмичкиот карневал, притоа поканувајќи го граѓаните да бидат дел од оваа манифестација.
„Од среда 22 февруари ги отвораме портите на нашиот град за овогодинешните карневалски свечености кога и ќе им го предадам клучот од градот на карневалистите, односно, на Организациониот одбор па се до тримерскиот ручек. Тоа значи дека цели осум дена Струмица ќе живее во духот на карневалот, со богата и разновидна програма која ги вклучува сите генерации кои со голема љубов ја негуваат и чуваат оваа наша вековна традиција“, рече Костадинов.
Според Александар
Цицимов претседател
на Организациониот одбор на карневалот и годинава доследни на вековната карневалска традиција ќе има богата и разновидна осумдневна карневалска програма. Но поради недостиг на сместувачки
капацитети им се откажало гостопримство на десетина странски карневалски
групи.
„За жал годинава заради неможност да ги сместиме сите
заинтересирани моравме да им откажеме гостопримство на десетина заинтересирани
групи од странство, но дадовме предност на тие со кои повеќе години
соработуваме и разменуваме карневалски групи. Проблемот околу сместувањето е во
тоа што неколку хотели се затворени, а еден се реновира и со тоа изгубивме
околу 400 места во кои досега ги сместувавме гостите“ – истакна Цицимов.
Карневалските случувања ќе
започнат од среда 22 февруари и ќе траат осум дена. Главната карневалска вечер
ќе биде во Сабота на 25 февруари кога
над 1100 маскирани лица од кои 340 од странство ќе
продефилираат низ струмичките улици и ќе се претстават на главната сцена на
градскиот плоштад, а во недела
ќе се одржи детскиот карневал.