Македонија
Трајанов: Ова е дно во политиката, бродот на СДС тоне, но загрижува тоа што на бродот се наоѓа и македонскиот народ
Published
1 месец agoна
By
Media Press
„Ова е дно во политиката“, рече радовишкиот пратеник Здравко Трајанов на вчерашната собраниска седница критикувајќи го начинот на кој владее СДСМ а тоа е со уцени, закани, кривични пријави и прогони .
„Па има ли поголемо дно од ова што денес се случува во државата. Нема никакво објаснување за министерот Беким Сали, за ресорот здравство, за програмските активности на СДС и Алтернатива, дали беше таа добра или лоша политика. Едноставно министерот Беким Сали беше ставен на “Пазар 3„ или како некој “сточен пазар„“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов на денешната собраниска седница.
Тој посочи дека сосема е разбирливо зошто ова се случува, затоа што бродот многу забрзано тоне.
„Бродот на СДС тоне. Капетанот Заев и тепсијата ги нема. Премиерот го местат да ја плати целата сметка“, посочи Трајанов додавајќи дека загрижува тоа што на бродот кој тоне се наоѓа и македонскиот народ, и тоа ниту е фер ниту е чесно кон македонскиот народ. Затоа што ќе страдаат и Македонци, Албанци, Турци, Роми и сите останати.
Трајанов вели дека треба да се загрижат и САД и Амбасадата, ЕУ и холандскиот амбасадор.
„Уставните измени за промена на името беа донесени под притисок на кривични пријави и прогони и сите оние кои поткленаа на овие уцени се на на слобода, иако милион криминалци са на слобода. Кастриот Реџепи се потпиша свесно за разрешување на владата преку ноќ ја смени својата визија за политиката“, додаде меѓудругото Трајнаов, кој упати порака до СДСМ и нивните пратеници и функционери.
„Уште една порака до СДСМ поточно до пратениците и функционерите на оваа партија. Верувајте ќе ве пуштат и вас низ вода, како што сите се пуштени кои гравитираат кон оваа Влада. Никој не сака да го штитите криминалот на СДС и немојте да бидете соучесници со луѓе кои не се заинтересирани ниту да присуствуваат на оваа седница ниту да бранат било што во политиката, нив ги интересира само криминал“, вели Трајанов.
Трајанов потенцираше дека секој еден чесен време е да го напушти тој брод, затоа што нема спас. СДСМ на наредните избори покрај тоа што ќе доживее дебакл ќе се и распадне затоа што ова не е човечки и демократски. Ова е само интерес на криминалци кои се собрани и секојдневно продаваат различни приказни.
Поврзани содржини
Македонија
Апликацијата МОЈДДВ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник
Published
24 часа agoна
март 24, 2023By
Media Press
Управата за јавни приходи ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека е извршено нејзино прилагодување согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во „Службен весник на РСМ“, бр.65/2023 на 23.03.2023 година.
Ова значи дека сите корисници на Мој ДДВ, ќе треба да ја превземат новата верзија на апликацијата од Playstore, Appstore и Huawei appgallery. Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. Исплатите со зголемен максимален износ од 2100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај.
Во моментов апликацијата МојДДВ, ја користат 523 673 граѓани a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се вратени близу 6 милијарди денари.
Македонија
Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за казнетите во корона периодот
Published
2 дена agoна
март 23, 2023By
Media Press
Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од Кривичниот законик, за време на пандемијата од Ковид-19, паричната казна или казната затвор да им се замени со алтернативна мерка условна осуда.
Согласно овој закон, лицата чија парична казна изнесува над 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор, ќе добијат условна осуда од три години, додека оние лица што чија парична казна изнесува до 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор ќе добијат условна осуда од две години, рок во кој не смеат да сторат ново кривично дело.
По три, односно две години условна осуда ќе добијат и лицата што отплатиле дел од паричната казна над 1.000 и до 1.000 евра, со што се ослободуваат од плаќањето на останатиот дел од паричната казна, доколку не сторат ново кривично дело.
Во периодот од 1 јануари 2020 година до 30 јуни 2022 година се осудени 1.223 лица на парична казна од по 123.000 денари. Согласно законските прописи доколку во рок од 2 години изречените парични казни не се намират, судијата за извршување на санкции со решение ги заменува со казна затвор. Заради неплаќање на паричната казна Основниот кривичен суд има донесено заменски решенија со кои спрема 280 лица паричната казна е заменета со казна затвор. По истите овие решенија издадени се 205 упатни акти за издржување на казна затвор.
Потребата од уредување на оваа состојба е наметната од големиот број на вакви предмети во Основниот кривичен суд Скопје. За да се надмине ова состојба за оваа категорија на осудени за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик, парична казна, или заменета на парична казна со казна затвор, согласно одредбите од овој закон ќе се замени алтернативна мерка условна осуда.
-Со законот не се предвидува амнестија за правни лица и одговорните лица во правни лица осудени со правосилна пресуда на парична казна, за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик.
Амнестијата постои и се применува во многу европски држави, а во нашата држава од моментот на нејзиното осамостојување донесени се повеќе закони за амнестија.
Преку амнестијата се овозможува на брз и ефикасен начин во одредени случаи да се исправат судските грешки. Корекцијата на судската одлука можат да ја налагаат и други државно-правни и општествено-политички причини, а не е реткост во една поинаква општествено-економска констелација, довчерашното општествено опасно дејствие да ги изгуби најсуштествените карактеристики и преку амнестијата најбрзо да се поништи осудата, велат од Кабинетот на Пендаровски.
Македонија
ИНТЕГРА застанува против донесувањето на Предлог – Законот за родова еднаквост
Published
2 дена agoна
март 23, 2023By
Media Press
ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија недвосмислено застанува против донесувањето на трагичниот Предлог – Закон за родова еднаквост.
„Во континуитет, уште од 2019 година
јавно, јасно и експлицитно предупредуваме на погубните последици од носењето на
едно такво законско решение, по идните генерации.
Предлог- Законот за родова еднаквост прикриено овозможува замена на
терминот пол со терминот род, и се доаѓа до крајната цел – релативизирање на
половите. Родовиот идентитет овозможува личноста да се идентификува како маж
или жена независно од биолошкиот пол, што доведува до сериозен атак посебно врз
децата и семејството. Аргументацијата на власта дека станува збор за
определување на социјална положба преку избор на род е невидена небулоза и
скриена политика на поништување на природниот поредок на човештвото.
Кога и да си поигрува човекот со нешто што не е негово дело, резултатот е
неизбежно катастрофален. Родовата еднаквост што агресивно се промовира е скриена политичка агенда на глобалистички центри на моќ и т.н.
“длабока држава“, која има за крајна цел да го поништи бракот и семејството,
што само по себе води кон дехуманизација и депопулација на населението“, стои во реакцијата на ИНТЕГРА.
„Ги повикуваме сите политички партии – парламентарни и
вонпарламентарни, сите здруженија на граѓани и целиот невладин сектор кој стои
на конзервативните и традиционални вредности, потоа МПЦ-ОА и останатите
Христијански цркви и верските заедници, јавно, јасно и експлицитно да се
изјаснат против ваквите погубни процеси по иднината на нацијата и државата.
Истовремено, ги повикуваме пратениците во Собранието на Македонија да се
изјаснат против ваквото законсско решение и да го повлечат истото од
понатамошна процедура, независно од потпишаната Истанбулска конвенција и досега
преземените обврски на било кое ниво на извршна власт“, додаваат од ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија

Денеска во Струмица, превентивни активности во рамки на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“

Улицата „Видое Смилевски Бато“ во Радовиш, конечно е асфалтирана, 25-годишен проблем на граѓаните

Вчера во СРЦ „25 Мај“ се одиграа полуфинални дуели во машка категорија од одбојкарскиот куп на Македонија

Апликацијата МОЈДДВ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник
