Струмица
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственичката
Published
4 месеци agoна
By
Media Press
Вчера во 15.40 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Ѓ.А.(38) од Струмица.Тој се сомничи дека околу 15.00 часот одзел паричник, во кој имало пари и други лични предмети од женска чанта во козметичко студио во Струмица. Кај него биле пронајдени парите и предметите, кои биле вратени на оштетената. Ѓ.А. бил задржан во Полициска станица Струмица, за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица и по негово целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Поврзани содржини
Приведени три лица, затекнати при пустошење на шума
ТППЕ Струмица интервенираше на гасење на запалено товарно возило
Денеска во Струмица, превентивни активности во рамки на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“
Британскиот амбасадор Метју Лосон во посета на Општина Струмица, поводот беше тригодишно искуство на „Шелтер центар“ за жени и деца
Се одржа Детски карневал, своевиден расадник на карневалските традиции во Струмица
Околу 1.100 луѓе под маски во интернационалната карневалска поворка на Струмичкиот карневал
Струмица
Приведени три лица, затекнати при пустошење на шума
Published
6 дена agoна
мај 26, 2023By
Media Press
На 24 мај во 14.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Ф.А.(20) и уште двајца малолетници од село Банско, струмичко. Тројцата биле затекнати на место викано „Габровски пат“, атар на село Банско, на планината Беласица како со моторна пила вршат пустошење на шума.
Од страна на Шумска полиција затекнатите исечени дрва биле одземени и пренесени во складот на Јавното претпријатие Национални шуми, подружница Беласица – Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Струмица
Околу 80 казни за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица
Published
2 недели agoна
мај 15, 2023By
Media Press
СВР Струмица во спроведена контрола санкционира околу 80 возачи за пречекорувања на брзината на подрачјето во Југоистокот, од кои најголем број казни биле изречени на подрчјето на Радовиш.
Имено во текот на вчерашниот ден во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 81 пречекорувања на брзината, од кои 43 на подрачје на Радовиш, 18 на подрачје на Струмица, 12 на подрачје на Гевгелија и 8 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.
Струмица
Со пригодна свеченост во Струмица одбележан 9 Мај Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа
Published
3 недели agoна
мај 9, 2023By
Media Press
Со пригодна свеченост којашто се одржа пред Споменикот на паднатите борци од НОАВМ во малиот градски парк во Струмица, денеска беше одбележан 9 Мај Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа. За нивното значење зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов, кој меѓу другото рече:

„Поминуваат безмалку 32 години од македонската самостојност: Исто толку години го сонуваме европскиот сон со тенденции да станеме дел од големото европско семејство. По нашето полноправно членство во НАТО Алијансата, Северна Македонија никогаш не била толку блиску до остварувањето на долгугодишниот сон, како земја-кандидат за членство во Унијата од декември 2005 година. За добивање датум за почеток на преговори со ЕУ , повторно сме исправени пред предизвикот од недоследно наметнување на непотребни бариери , овојпат од нашиот источен сосед – Бугарија. Но тоа не треба и не смее да не поколеба, да скренеме од коловозот кој води до нашата посакувана цел“, вели Костадинов.


Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Конче

МНР: Стапуваа на сила трите договори во рамки на Берлинскиот процес

Викендов, во Радовиш ќе се одржи МДФФ „ОРО ВЕСЕЛО“

Во недела во Радовиш ќе се одржи Државно првенство за кадети У20 во борење слободен стил
