Струмица
Над 1000 маскирани лица на Струмичкиот карневал, поради недостиг на сместување откажани неколку странски карневалски групи
Published
4 месеци agoна
By
Media PressНа една недела пред започнувањето на Струмичкиот карневал Општина Струмица И карневалистите ги прават последните подготовки.
Градоначалникот Костадин Костадинов на прес конференција со претседателот на на Организациониот одбор на карневалот, Александар Цицимов изјави дека и годинава ќе има уште едно успешно издание на Струмичкиот карневал, притоа поканувајќи го граѓаните да бидат дел од оваа манифестација.
„Од среда 22 февруари ги отвораме портите на нашиот град за овогодинешните карневалски свечености кога и ќе им го предадам клучот од градот на карневалистите, односно, на Организациониот одбор па се до тримерскиот ручек. Тоа значи дека цели осум дена Струмица ќе живее во духот на карневалот, со богата и разновидна програма која ги вклучува сите генерации кои со голема љубов ја негуваат и чуваат оваа наша вековна традиција“, рече Костадинов.
Според Александар Цицимов претседател на Организациониот одбор на карневалот и годинава доследни на вековната карневалска традиција ќе има богата и разновидна осумдневна карневалска програма. Но поради недостиг на сместувачки капацитети им се откажало гостопримство на десетина странски карневалски групи.
„За жал годинава заради неможност да ги сместиме сите заинтересирани моравме да им откажеме гостопримство на десетина заинтересирани групи од странство, но дадовме предност на тие со кои повеќе години соработуваме и разменуваме карневалски групи. Проблемот околу сместувањето е во тоа што неколку хотели се затворени, а еден се реновира и со тоа изгубивме околу 400 места во кои досега ги сместувавме гостите“ – истакна Цицимов.
Карневалските случувања ќе започнат од среда 22 февруари и ќе траат осум дена. Главната карневалска вечер ќе биде во Сабота на 25 февруари кога над 1100 маскирани лица од кои 340 од странство ќе продефилираат низ струмичките улици и ќе се претстават на главната сцена на градскиот плоштад, а во недела ќе се одржи детскиот карневал.
Поврзани содржини
Британскиот амбасадор Метју Лосон во посета на Општина Струмица, поводот беше тригодишно искуство на „Шелтер центар“ за жени и деца
Околу 1.100 луѓе под маски во интернационалната карневалска поворка на Струмичкиот карневал
Отворено инклузивното игралиште во клон 3 од јавната детска установа „Детска Радост“ во Струмица
Градоначалникот Костадинов на младите со најдобри бизнис идеи им врачи ваучери од по 60 илјади денари
Градоначалникот Костадинов на увид во градежните работи на водоводниот систем во населеното место Раборци
Струмица беше домаќин на една од активностите на МВР со кои се одбележува 7 Мај – Денот на македонската полиција
Струмица
Приведени три лица, затекнати при пустошење на шума
Published
6 дена agoна
мај 26, 2023By
Media Press
На 24 мај во 14.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Ф.А.(20) и уште двајца малолетници од село Банско, струмичко. Тројцата биле затекнати на место викано „Габровски пат“, атар на село Банско, на планината Беласица како со моторна пила вршат пустошење на шума.
Од страна на Шумска полиција затекнатите исечени дрва биле одземени и пренесени во складот на Јавното претпријатие Национални шуми, подружница Беласица – Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Струмица
Околу 80 казни за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица
Published
2 недели agoна
мај 15, 2023By
Media Press
СВР Струмица во спроведена контрола санкционира околу 80 возачи за пречекорувања на брзината на подрачјето во Југоистокот, од кои најголем број казни биле изречени на подрчјето на Радовиш.
Имено во текот на вчерашниот ден во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 81 пречекорувања на брзината, од кои 43 на подрачје на Радовиш, 18 на подрачје на Струмица, 12 на подрачје на Гевгелија и 8 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.
Струмица
Со пригодна свеченост во Струмица одбележан 9 Мај Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа
Published
3 недели agoна
мај 9, 2023By
Media Press
Со пригодна свеченост којашто се одржа пред Споменикот на паднатите борци од НОАВМ во малиот градски парк во Струмица, денеска беше одбележан 9 Мај Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа. За нивното значење зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов, кој меѓу другото рече:

„Поминуваат безмалку 32 години од македонската самостојност: Исто толку години го сонуваме европскиот сон со тенденции да станеме дел од големото европско семејство. По нашето полноправно членство во НАТО Алијансата, Северна Македонија никогаш не била толку блиску до остварувањето на долгугодишниот сон, како земја-кандидат за членство во Унијата од декември 2005 година. За добивање датум за почеток на преговори со ЕУ , повторно сме исправени пред предизвикот од недоследно наметнување на непотребни бариери , овојпат од нашиот источен сосед – Бугарија. Но тоа не треба и не смее да не поколеба, да скренеме од коловозот кој води до нашата посакувана цел“, вели Костадинов.


Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Конче

МНР: Стапуваа на сила трите договори во рамки на Берлинскиот процес

Викендов, во Радовиш ќе се одржи МДФФ „ОРО ВЕСЕЛО“

Во недела во Радовиш ќе се одржи Државно првенство за кадети У20 во борење слободен стил
