Connect with us

Здравје

ХРАНА КОЈА Е ДОБРА ЗА СРЦЕТО: Со ова мени, намалете го ризикот од кардиоваскуларни заболувања!

Media Press

Објавено на

Правилниот избор на храна може да го зачува здравјето на срцето, да обезбеди добро ниво на холестерол и да ја одложи, па дури и да спречи хипертензија.

Диетата која го радува кардиоваскуларниот систем на прво место подразбира умереност и откажување од премногу масна, слатка и солена храна. Второто правило ве упатува да не претерувате со јаглехидратите, односно со голема количина леб и пецива и секојдневно да јадете овошје и зеленчук.

Кога подготвувате месо, секогаш отстранувајте ги масните делови, ограничете ги порциите размислувајќи за големината на желудникот и колку храна всушност може да земе. Ако, сепак, ви е важно чинијата пред вас да биде голема и полна, тогаш подобро е да е преполна со овошје и зеленчук со малку месо, риба или јаткасти плодови. Така добивате волумен, а нема премногу калории.

Инаку, лошата исхрана се смета за еден од главните ризик фактори за кардиоваскуларни болести, ако не и водечки, а тоа барем секој може да го промени. Неправилната исхрана најчесто доведува до дебелеење, што предизвикува развој на срцеви заболувања. Исто така, она што го јадеме, или не го јадеме, може да влијае на нивото на холестерол, крвниот притисок и шеќерот во крвта. Бидејќи ако прекршиме некој од овие индикатори, тоа може да предизвика срцеви заболувања.

Еве еден предлог од менито за загревање на срцето:

понеделник

Појадок: две кришки ржан леб, две тврдо варени јајца и свеж црвен пипер

Ужина: 20 гр темно чоколадо и грст ореви

Ручек: риба, варени компири и салата од зелка

Вечера: пилешка салата со рукола, пиперка, црвен кромид и целер, две кришки ржан леб

вторник

Појадок: овесна каша со јогурт, десетина бадеми и банана

Ужина: малини

Ручек: филе лосос со зеленчук и варен компир

Вечера: пилешко филе на скара и 100 гр варен кафеав ориз, брокула на пареа зачинета со лук, сол и маслиново масло

среда

Појадок: 100 гр младо сирење, варено јајце, две кришки интегрален леб и свеж црвен пипер

Ужина: две мандарини

Ручек: боранија со пилешко

Вечера: лосос со интегрален леб и салата од келераби

четврток

Појадок: палента со сирење

Ужина: јаболко

Ручек: салата од грав и зелка

Вечера: пилешко на скара со салата од свежи краставици и јогурт, парче интегрален леб

петок

Појадок: две тврдо варени јајца, шолја јогурт и две кришки интегрален леб

Ужина: банана

Ручек: слатка зелка со пилешко и рен

Вечера: риба, две кришки интегрален леб и салата од рендана зелка и моркови, зачинети по вкус

прикажи повеќе

Здравје

Предупредувачки знаци на заборавеност

Media Press

Published

на

Експертите изјавија дека ако некое лице не може да се сети дури и на едноставни зборови, тоа е веќе причина за загриженост

Благите паузи во меморијата, како на пример бавно сеќавање на имиња или некои детали можат да се случат и на возраст помеѓу 30-40 години, но тоа станува очигледно по 50-60 години.

Слика генерирана од AI

Експертите предупредуваат дека треба да се вклучи алармот кога заборавеноста почнува да се случува во секојдневниот живот. Заборавеност, дезорентација на познати места и тешкотии при изнаоѓање вообичаени зборови.

Стресот, недостаток на сон или депресија можат да влијаат на меморијата. Недостатокот на витамини Б12 или Д, како и од дисфункција на тироидната жлезда може да предизвика слични симптоми.

Во таков случај важно е веднаш да се консултирате со невролог, кој ќе ја процени вашата когнитивна функција во целост и здравјето.

Прочитај повеќе

Здравје

ЗОШТО ТРЕБА ДА ОДИТЕ 100 ЧЕКОРИ ПО ЈАДЕЊЕТО

Media Press

Published

на

Експертите наведуваат дека 100 чекори по јадењето му помагаат на телото подобро да ја апсорбира гликозата и да ја одржува активноста без интензивни вежбања.

Редовно одење помага во согорувањето на енергијата, го ублажува чувството на тежина по јадење и ве одржува во форма.

Подобра апсорпција и контрола на гликозата (Шеќерот во крвта)

  • Мускулна апсорпција: Кога јадеме, нивото на гликоза во крвта се зголемува. Кога мускулите се соодветно активирани (дури и со лесно одење), тие почнуваат да ја влечат гликозата од крвта за да ја користат како енергија.
  • Помало оптоварување на панкреасот: Овој процес се случува независно или со помала потреба од инсулин, што го спречува наглиот скок на шеќерот во крвта (glycemic spikes) и го намалува заморот што често се јавува по јадење.

2. Поддршка на дигестивниот систем

  • Краткото и лесно движење ја стимулира перисталтиката (кревањето и работата на цревата), што помага храната побрзо и поефикасно да се преработи.
  • Го намалува чувството на подуеност, тежина во стомакот и ризикот од појава на киселини (рефлукс).

3. Лесна активност без замарање

  • За разлика од интензивниот тренинг (кој не се препорачува веднаш по оброк бидејќи ја пренасочува крвта од дигестивниот систем во големите мускули), лесното чекорење не го оптоварува стомакот, а сепак го одржува метаболизмот активен.

Дали 100 чекори се доволни?

Иако 100 чекори се одличен начин да се прекине долгото седење веднаш по јадење, повеќето здравствени студии покажуваат дека најоптимални резултати за намалување на шеќерот во крвта се постигнуваат со:

  • 2 до 5 минути лесно одење (што изнесува околу 250 – 500 чекори);
  • Идеално во рок од 30 до 60 минути по оброкот, кога нивото на шеќер во крвта го достигнува својот пик.

Прочитај повеќе

Здравје

Еве зошто не треба да се става парче лимон во пијалак

Media Press

Published

на

Кришка лимон во чаша вода или во некој друг пијалак е вообичаена работа. Меѓутоа, дали некогаш сте помислиле дека притоа внесувате многу повеќе материи во својот организам и тоа непосакувани?

Во текот на истражувањето кое го спроведе Journal of Environmental Health истражувачите прегледале 76 лимони собрани од 21 ресторан кои ги посетиле 43 пати.

Откриле дека дури 70 отсто од кришките лимони содржат микроорганизми.

Примероците ги земале откако пијалакот бил послужен, значи пред да се испие или некој друг физички контакт. За потеклото на микробите научниците можеле само да шпекулираат.

– Иако е познато дека лимонот има некои антибактериски својства, резултатите покажале дека широкиот спектар на микроорганизми може да опстане дури и на неисечен лимон.

Сопствениците на рестораните и кафулињата треба да бидат свесни дека заедно со лимонот во чашата ставаат потенцијално патогени микроорганизми – се наведува во студијата.

Филип Тиерно, професор по микробиологија и патологија во медицинскиот сектор НЅУ Лангон, спроведе десетина слични истражувања.

Откри дека дури половина од лимоновите кришки се загадени со човечки фекалии поради директен допир со прстите.

Имено, забележал дека многумина работат во нехигиенски услови, а освен тоа во допир се со други намирници или миеле чаши, а потоа ја допирале храната и лимонот без ракавици и без претходно да ги измијат рацете.

На лимонот можат да се пренесат бактерии и ако не се измијат рацете по одење во тоалет, кивање или кашлање.

Тиерно вели дека постои можност комзументот да се разболи поради тоа, но тврди дека не постои голем ризик.

Слични микроби најдени се и во шишенцата за сол, бибер, масло и кечап, како и на приборот за јадење.

Извор: https://denar.mk/42373

Прочитај повеќе