Гевгелија
Педесет и две социјални семејства од Гевгелија ќе добијат социјален стан
Published
10 месеци agoна
By
Media Press
Од утре сите заинтересирани лица од Општина Гевгелија кои ги исполнуваат условите од јавниот повик што ќе биде објавен утре, ќе можат да аплицираат за социјален стан.
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Зоран Ѓорѓијев, како претставници од Центарот за социјални работи од Гевгелија, денеска извршија увид во изградената зграда за социјално ранливи семејства во Гевгелија.

Јавниот повик ќе трае од 16 февруари до 20 март и на него може да аплицираат шест категории на граѓани и тоа: Деца без родители кои до својата 18-та година биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни – природни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, лица припадници на Ромската заедница- социјално загрозени согласно Стратегијата за Ромите како и самохрани родители со малолетни деца.
Изградбата е во вредност од 102 милиони денари.

„Колективната, станбена зграда во Гевгелија е со површина од приближно 2400 метри квадратни со четири катови и приземје. На приземје има 4 стана наменети за инвалидизирани лица. На катовите има по 12 стана, односно зградата вкупно располага со 52 стана со површина од 35м2 до 49м2, 52 подрумски простории и 5 деловни простории. Во склоп на парцелата има и отворен паркинг простор со 22 паркинг места“, изјави Зоран Ѓорѓијев, директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката.
Министерот Бочварски истакна дека во следниот период ќе се распределуваат социјалните згради во Демир Капија а потоа и во Неготино.

Поврзани содржини
Гевгелија
Гевгеличанец додека бил на лов се здобил со повреда од огнено оружје
Published
4 недели agoна
ноември 13, 2023By
Media Press
Исто така вчера во 15.50 часот во Полициската станица Гевгелија, од Јавна здравствена установа Гевгелија било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен И.С.(56) од Гевгелија. Според пријавеното, тој се здобил со повредата истиот ден околу 13.00 часот додека бил на лов во атар на с.Кованев. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.
Гевгелија
2.300 вљубеници и истакнати спортисти во атлетиката дел од најмасовната атлетска трка во Гевгелија
Published
1 месец agoна
ноември 7, 2023By
Media Press
Гевгелија и годинава со Атлетската трка November run, во организација на Атлетскиот клуб „7 Ноември“, беше центар на најмасовната трка со што покажа дека е способна да биде успешен домаќин и организатор на светски спортски настан. За фактот дека од година во година оваа трка добива се поголемо реноме, зборува бројот на учесници – 2.300 вљубеници и истакнати спортисти во атлетиката од Македонија и 15 други земји, кои трчаа по гевгелиските улици, на трките на 5 и 10 км., детските трки и за првпат организираната инклузивната трка „Трчањето не познава граници“ и лиценцираната патека од Светската Атлетска федерација. Но, и признанијата од легендарниот македонски олимпиец, Шабан Трстена, кој беше специјален гостин на November run, како и од домашните и странски учесници, кои не го криеја своето задоволство од добрата организација и успешноста на настанот со објави и коментари на социјалните мрежи. Имено, на двете трки на 5 и 10 км., во машка и женска конкуренција учествуваа 1.100 натпреварувачи, меѓу кои и 60 натпреварвачи од 16 странски земји.
Дарио Ивановски од Скопје со време 30,16 минути и Греса Бакраги од Косово со време 34,54 минути на 10 километри први пристигнаа на целта и освоија златни медали и златни пехари на 3. маратон November run Gevgelija 2023.

Гевгелија
Приведени две лица од Гевгелија за сторено кривично дело „разбојништво“
Published
1 месец agoна
ноември 3, 2023By
Media Press
Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Б.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Д.Џ.(36) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „разбојништво“.
Д.Б. се сомничи дека на 31.10.2023 околу 20.30 часот во Гевгелија со помош на Д.Џ. и со употреба на сила одзела накит од жителка на Гевгелија.
По преземени мерки и активности, на 01.11.2023 двајцата биле лишени од слобода и во службен разговоро во полициска станица го признале делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката.

Современо противпожарно возило за гаснење на шумски пожари и спасување доби ТППЕ од Радовиш

Изработена е првата карта за опасности од поплави за Радовиш

Пред два дена исчезнало лице со нарушно здравје од својот дом од Струмица

Здравствен дом – Радовиш потпиша Меморандум за соработка со ЗПОРК, повеќе бесплатни прегледи во 2024 за пензионерите
