Connect with us

Радовиш

ФК Азури од Радовиш се врати со сребрен медал од Меѓународен турнир во Бугарија

Avatar

Published

на

ФК Азури од Радовиш учествуваше на силен Меѓународен турнир во Сандански, Бугарија  VIHREN куп 2023 година за деца од 8 до 15 години. Радовишкиот фудбалски клуб за млади зема учество со две генерации деца родени 2013 и 2014 година.

„Со генерацијата 2014 игравме во финале и освоивме сребрен медал, односно второ место, еден од најголемите успеси на младинските колективни спортови во Радовиш“, велат од ФК АЗУРИ.

На турнирот учествувале повеќе од 60 екипи од Македонија, Бугарија, Србија и Грција и младите фудбалери гордо го претставиле Радовиш и Македонија.

Турнирот траеше од 8 до 12 февруари.

Радовиш

Втор состанок на Меѓусекторската група на територијата на ЛАГ Плачковица во рамките на USAID проектот “Програма за развој на заедницата”

Avatar

Published

на

Вчера во Штип, се одржа ВТОР состанок на Меѓусекторската група на територијата на ЛАГ Плачковица во рамките на USAID проектот “Програма за развој на заедницата” кој го спроведува Rural Development Network of North Macedonia во партнерство со 5 локални акциони групи меѓу кои е и LAG Plackovica / ЛАГ Плачковица .

Меѓусекторската група е составена од претставници од 4-те општини од ЛАГ Плачковица (Карбинци, Конче, Радовиш и Штип) како и претставници од 5 јавни претпријатија од овие општини, претставници граѓански организации и бизнис сектор.

На состанокот се разгледуваа 5 локални проектни иницијативи кои би се спроведувале на територијата на ЛАГ ПЛАЧКОВИЦА во наредниот период. Меѓу предложените иницијативи кои се разгледуваа на состанокот беа:

1. Партерно уредување на “Парк на миленици” во нас.Ново Село (Општина Штип);

2. Уредување и обележување на Исар-Кале на град Радовиш (Општина Радовиш);

3. Уредување и обележување на велосипедска патека Радовиш -Раклиш -Ораовица -Подареш -Калугерица -Сулдурци -Воиславци -Радовиш во должна од 21 км (Општина Радовиш);

4. Центар/хаб на заедницата (Општина Конче)

5. Партерно уредување на рекреативни зони во с. Парналија и с. Калаузлија (Општина Карбинци).

Прочитај повеќе

Радовиш

Повреден мотоциклист кај Раклиш, радовишко

Avatar

Published

на

На 19.03.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Р 1310, во село Раклиш, С.С.(34) од село Раклиш, управувајки мотоцикл „хамачи“ со радовишки регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.С.. констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во Радовиш, изложба на цртежи од ученици кои завршија основен прв курс по ликовно образование

Avatar

Published

на

Викендот во Радовиш беше отворена изложба на цртежи од ученици кои завршија основен прв курс по ликовно образование. Бесплатникот тримесечен курс го организираше ДЛУР „Рада“ од Радовиш, а под покровителство на Општина Радовиш. Сите дела кои беа изработени од страна на младите ликовни таленти, во Саботата беа изложени во музејот на љубовта и уметноста.

Тримесечниот курс го завршија 28 ученици.  Петседателот на ДЛУР „Рада“ Душан Коцев, заедно со уметникот Крсте Тарабунов ги воведоа уениците во уметноста, подучувајќи на разни техники и вештини во цртањето.

Присутните на изложбата освен од организаторите, беа поздравени и од градоначалникот Ацо Ристов, кој го поддржа беспалтниот курс и рече дека поддршката ќе продолжи и во иднина се додека има интерес кај учениците.

На изложбата беа доделени сертификати и на младите ликовни уметници и благодарници на градоначалникот Ацо Ристов на Крсте Тарабунов и на Душан Коцев како подучувачи на младите уметници и на ДЛУР „Рада“ за организирањето на самата активност и иницијатива за одржување на бесплатен курс по ликовно образование.

Прочитај повеќе