Радовиш

Кои се придобивките од здравиот начин на исхрана, предавање во ООУ” Крсте Петков Мисирков” во Радовиш

Предавање за влијанието на здравата храна врз развојот кај децата и придобивките од здравиот начин на исхрана беше одржано во ООУ” Крсте Петков Мисирков” во Радовиш. Предавањето се реализираше во соработка на нутриционистот Валентина Глигорова, а со поддршка на Советот на родители на училиштето.

Директорката на училиштето Гордана Здрвакоска, со мал вовед ги запозна ученици колку здравата исхрана е значајна за секого.

„Постојат два вида убавина, надворешна и внатрешна“ рече Здравкоска појаснувајќи дека до надворешна убавина се доаѓа со обично дотерување, но внатрешната зависи од исхраната и од чувствата, односно мислите.

Нутриционистот Валентина Глигорова во своето предавање ги запозна учениците колку овошјето и зеленчукот се важни за нивниот развој, за да се изградат во една здрава личност.

„Најмногу во текот на денот треба да консумираме овошје и зеленчук, околу 80 % од нашата исхрана а 10% се протеини. Денот треба да го започнеме со овошје бидејќи во него имамаме чисти шеќери, тоа ни дава енергија да издржиме во текот на денот, исто е значајно да јадеме и зеленчукот, а се друго доаѓа потоа , житарки,  месо, риба, јајца…“, вели Глигорова.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago