Connect with us

Конче

Општина Конче започна со тампонирање на полски патишта

Avatar

Published

на

Општина Конче започна со тампонирање на полски патишта со цел обезбедување подобри услови за земјоделците да можат да пристигнат до своите земјоделски парцели.

„Деновиве почнавме со тампонирање на главниот полски пат во населеното место Конче кој минува низ средината на конечко поле и го поврзува со населеното место С.Долни Липовиќ“, напиша градоначалникот Златко Ристов на својот фејсбук профил, најавувајќи ја оваа активност.

Претходно беше тампонирана улицата покрај речното корито во село Дедино, за што градоначалникот Ристов рече дека ова е времено решение, по што ќе следува асфалтирање на оваа улица.

Конче

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Конче

Avatar

Published

на

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Општина Конче.  Заедно со  Златко Ристов – Градоначалник на општина Конче  беа во посета на Долни Липовиќ каде е изградено ново детско игралиште со партерно уредува во вредност од 4 милиони денари, а извршшија увид и на градежните активности на  Канализациона мрежа во Конче во вредност од 21 милион денари.

Прочитај повеќе

Конче

Регионална пензионерска средба на езерото Мантово во кругот на манастирот „Свети Ѓорги“, Долна Враштица

Avatar

Published

на

 Здружението на пензионери од општините Радовиш и Конче, вчера организира Регионална пензионерска средба на езерото Мантово во кругот на манастирот „Свети Ѓорги“ во село Долна Враштица, во близина на локалитетот Влашки колиби.

Присутните пензионери ги поздрави претседателот на здружението Ефтерпи Димитрова која спомна дека оваа средба ја органзираат во чест на светите браќа Кирил и Методиј.

Свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов кој ги поздрави присутните пензионери и рече дека ќе ги подржуваат како општина и во иднина.

Пензионерите уживаа во прекрасната природа, се дружеа  меѓусебе и се забавуваа со музика во текот на целиот ден.

Прочитај повеќе

Конче

Хортикултурно уредување и поставување на урбана опрема во населените места во Општина Конче

Avatar

Published

на

Општина Конче продолжува со хортикултурно уредување на населените места во општината и изградба на детски паркчиња и поставување на урбана опреме за пријатен престој на дечињата и на останатите граѓани.

„Приоритет од самиот старт на функционирањето како локална самоуправа ни претставува еколошката вредност на секое населено место како придобивка на секој граѓанин. Со таа цел чекориме сигурно и стратешки во хортикултурно уредување и поставување на урбана опрема во секое катче како природна убавина кој заслужува да ја ужива секој. Завршено во Д. Липовиќ, а наскоро продолжуваме во Дедино…“ напиша градоначалникот Златко Ристов на социјалните мрежи

Прочитај повеќе