Голема дисциплина во животните навики поврзани со здрава исхрана, физичка активност, избегнување на пороци како цигари и алкохол, можеби нема да доведат до долговечност.
Барем, судејќи по јапонскиот лекар д-р Шигеаки Хинохари, кој доживеал 105
години, а како што самиот напишал, неговиот долг животен век не бил поврзан со
строга диета или режим на вежбање, ниту со некои посебни навики. Овој поранешен
претседател на Меѓународниот универзитет Свети Лука во Токио, е познат како
автор на книгата „Живеј долго, живеј добро“ и многу интересни совети за
долговечност.
– Најдобро е да не се заморува телото со премногу правила, како на пример
придржување до строго време за ручек или спиење – вели д-р Хинохара во интервју
за „Japan Times“.
Сепак, имаше барем една рутина на која навистина се придржуваше: д-р
Хинохара секој ден појадуваше кафе, чаша млеко и малку сок од портокал со
лажица маслиново масло.
„Маслиновото масло е одлично за артериите и ја одржува мојата кожа здрава“,
изјави тој за еден јапонски весник.
Неговиот ручек
се состоеше од млеко и неколку колачиња, а честопати воопшто не јадеше бидејќи
беше премногу зафатен за да јаде. Вечерата обично се состоеше од зеленчук,
малку риба и ориз или 100 грама посно месо двапати неделно, изјави д-р Хинохара
за новинарите.
Овој доктор
верувал дека чувањето на тежината под контрола е клучно за долг живот и добро
здравје.
– Сите луѓе кои
живеат долго, без разлика на националност, раса или пол, имаат едно нешто
заедничко: никој нема вишок килограми – истакна тој.
Иако изгледаше
дека д-р Хинохара не јаде многу, тој рече дека никогаш не гладувал бидејќи бил
фокусиран на својата работа, што може да биде и тајната на неговата
долговечност.
– Нема потреба
никогаш да се пензионирате, но ако треба, тоа да биде долго по 65-тата година –
нагласи тој.
Др. Откако
наполни 65 години, тој работеше 18 часа на ден, седум дена во неделата, главно
како волонтер и „ја сакаше секоја минута што ја помина работејќи“, рече тој во
едно интервју.
Тој волонтираше
до последните неколку месеци пред неговата смрт. Почина на 105-годишна возраст
на 18 јули 2017 година.