Одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“ во Радовиш
Одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“ во Радовиш. Во присуство на голем број спортисти, тренери, спортски работници и претставници од спортските клубови, како и претставници од бизнис секторот во општина Радовиш, вчера во Ресторанот „Маг Марг“ беше одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“.
„Чекор по чекор ќе успееме да го вратиме она што некогаш беше традиција во Радовиш“ рече градоначалникот Ацо Ристов која ја отвори манифестацијата, и притоа честитајќи им на сите добитници на плакети од Општина Радовиш како признание за посебни достигнувања во спортот.
Плакети за посебно спортско достигнување од најмладите таленти беа додлени на Мелани Младеновска од
БК Бучим од Радовиш, и на Стефан Ангелов од Велосипедскиот клуб „Бел Камен Бајкс“. Во категорија кадети плакета доби велосипедистот Давид
Димов од истиот велосипедски клуб. Плакета за посебни спортски достигнувања
доби Спортскиот стрелачки клуб Бучим од Радовиш. Плакета за спортски работник беше
додлена на Васе Здравков од Риболовниот клуб Крап од Радовиш. Во категорија
сениори плакета за посебни достигнувања беше доделена на Стефан Димитров и на Александар Стојанов од Боречкиот клуб „Бучим“
од Радовиш, како и на Мирче Василев од Маи Таи клуб „Адреналин“.
Веднаш потоа беа доделени Плакетите на Горан Атанасов од Боречкиот клуб „БУЧИМ – РАДОВИШ“ за спортски тренер на годината, на Димитар Јованов од Боречкиот клуб „БУЧИМ – РАДОВИШ“ за спортски работник за повеќегодишна работа, на Кошаркарски клуб при ООУ,,Крсте Петков Мисирков” Радовиш за женска екипа на годината, на Мери Васева од ЖФК „Плачковица“ за Спортистка на годината-категорија Кадети и на Илија Атанасов од Боречкиот клуб „БУЧИМ – РАДОВИШ“ за – Спортист на годината-категорија Кадети.
На крај од страна на Градоначалникот Ристов, беа доделени Плакетите за најуспешен
спортист на годината во категорија–Сениори на Митко Ашкилов од Маи Таи клуб „КОМБАТ“ и за Спортска екипа на годината на Фудбалскиот клуб „Детонит Плачковица“.
На добитниците на овие признанија и плакети, во оваа прилика честитки им упатија и сопственикот на Адора инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец, подржувач на спортот во Радовиш и некогашен претседатл на БК Бучим, кој го направи Радовиш шампионски град, како и поранешниот директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов.
Манифестацијата Спортист на годината се одржува секоја година во организација и под покровителство на Општина Радовиш и Советот на Општина Радовиш.