Connect with us

Радовиш

Одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“ во Радовиш. Во присуство на голем број спортисти, тренери, спортски работници и претставници од спортските клубови, како и претставници од бизнис секторот во општина Радовиш, вчера во Ресторанот „Маг Марг“ беше одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“.

„Чекор по чекор ќе успееме да го вратиме она што некогаш беше традиција во Радовиш“ рече градоначалникот Ацо Ристов која ја отвори манифестацијата, и притоа честитајќи им на сите добитници на плакети од Општина Радовиш како признание за посебни достигнувања во спортот.

Плакети за посебно спортско достигнување од најмладите таленти беа додлени на Мелани Младеновска од БК Бучим од Радовиш, и на Стефан Ангелов од Велосипедскиот клуб „Бел Камен Бајкс“. Во категорија кадети плакета доби велосипедистот Давид Димов од истиот велосипедски клуб. Плакета за посебни спортски достигнувања доби Спортскиот стрелачки клуб Бучим од Радовиш. Плакета за спортски работник беше додлена на Васе Здравков од Риболовниот клуб Крап од Радовиш. Во категорија сениори плакета за посебни достигнувања беше доделена на Стефан Димитров  и на  Александар Стојанов од Боречкиот клуб „Бучим“ од Радовиш, како и на Мирче Василев од  Маи Таи клуб „Адреналин“.

Веднаш потоа беа доделени Плакетите на Горан Атанасов од Боречкиот клуб „БУЧИМ – РАДОВИШ“ за спортски тренер на годината, на Димитар Јованов од Боречкиот клуб „БУЧИМ – РАДОВИШ“ за спортски работник за повеќегодишна работа, на Кошаркарски клуб при ООУ,,Крсте Петков Мисирков” Радовиш за женска екипа на годината, на Мери Васева од ЖФК „Плачковица“ за Спортистка на годината-категорија Кадети и на Илија Атанасов од Боречкиот клуб „БУЧИМ – РАДОВИШ“ за – Спортист на годината-категорија Кадети.

На крај од страна на Градоначалникот Ристов, беа доделени Плакетите за најуспешен спортист на годината во категорија–Сениори на Митко Ашкилов од Маи Таи клуб „КОМБАТ“ и за Спортска екипа на годината на Фудбалскиот клуб „Детонит Плачковица“.

На добитниците на овие признанија и плакети, во оваа прилика честитки им упатија и сопственикот на Адора инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец,  подржувач на спортот во Радовиш и некогашен претседатл на БК Бучим, кој го направи Радовиш шампионски град, како и поранешниот директор  на Рудникот Бучим Николајчо Николов.

Манифестацијата Спортист на годината се одржува секоја година во организација и под покровителство на Општина Радовиш и Советот на Општина Радовиш.

Радовиш

Објавен е јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Avatar

Published

на

Објавен е јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа, која се спроведува врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и Општина Радовиш во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година, а финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на, на ден 05.06.2023 година се објавува:

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Наши сограѓани Наша грижа  за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување -Радовиш

Програмата предвидува 3 месеци задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера, согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест)месеци или вкупно 9(девет) месеци, статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со

предност на невработени лица над 5 години)

-млади лица до 29 години

-лица постари од 50 години

невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19

-лица корисници на гарантирана минимална помош

-лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност

-лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

-жртви на семејно насилство

-лица со попреченост

– лица припадници на ромската етничка заедница

самохрани родители

родители на деца со пречки во развојот

-родители на 3 и повеќе деца

лица со незавршено средно или пониско образование

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Работно место 1: Личен Асистент_3-три лица

Работно место 2: Негувател _2 Две лица

Работно место 3: Лица за подршка на слепи лица_3три лица

Работно место 4: Негувател за стари и изнемоштени- мултиплекс склероза __ 3-три лица

Работно место 5: Негувател за стари и изнемоштени-алцхајмер _3-три лица

Работно место 6: Негувател за стари и изнемоштени- палијатива _5-пет лица

Работно место 7: Асистент за подршка за самостојно живеење-инструментални  _6шест лица

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш во периодот од 05.06.2023 година до 09.06.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Радовиши избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Радовиш кај лицето Роберт Донев, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, а во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш-  кај лицето Стојан Лазаров,  Центар за социјлна работа Радовиш  кај лицето Александар Филев. Се повикуваат и лицата кои имаат потреба од една од горе наведените услуги да се пријават во Општина Радовиш за да бидат потенцијални корисници .

Прочитај повеќе

Радовиш

Во тек се неколку работни активности во Општина Радовиш

Avatar

Published

на

Во тек се неколку работни активности во Општина Радовиш, пред се во населените места.

„Во тек е уредувањето на јавни површини-тротоари, пешачки патеки и пристапни улички со бекатон во Ораовица и Подареш, а во следниот период ќе се продолжи на другите предвидени локации“, информираат од општината.

Инаку во оваа фаза се уредуваат јавни површини, улички и сокаци кои подолго време претставувале проблем на жителите во наслените места, но кои досега не биле уредени.

„Секоја уличка и секое сокаче е важно за граѓаните да не гезат кал и да имаат пристојни услови за живот“, велат од општината, додавајќи дека можеби за накого се мали ваквите проекти, но за некого се големи и многу важни во секојдневното живеење.

Прочитај повеќе

Радовиш

Денеска е Света Троица или Духовден – Слегувањето на светиот дух врз апостолите

Avatar

Published

на

Денеска се празнува Света Троица или Духовден – Слегувањето на светиот дух врз апостолите, празник на црквониот храм Света Троица во Радовиш. По тој повод беше одржана  свечена Архиерејска литургија.

Духовден (Дуовден) или Педесетница е подвижен празник, еден од најголемите 12 христијански празници — еден од најсветите празници во христијанството во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото воскресение. Овој настан претставува исполнување на старозаветните месијански пророштва.

Педесетницата се нарекува уште и „крај на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на Спасението остварено преку Исус Христос токму поради тоа што православното учење како една од службите на Месијата го назначува токму крштевањето преку Светиот Дух, односно Негово излевање врз човештвото. Иако Духот делува и пред и по Педесетницата, на овој ден Тој се покажува во Својот ипостас, а сѐ со цел самата историја на Спасението да се направи совршена. На овој ден започнува икономијата на Светиот Дух, Тој е Оној Кој го собира Божјиот народ во телото Христово, односно Црквата.

На големиот празник на Светата Троица, народот традиционално ги посетува црквите и  манастирите со исто име и бара прошка од гревовите или лек за болести.

Прочитај повеќе