Connect with us

Македонија

За медицинска помош во Турција, се пријавиле околу 150 здравствени работници на јавниот повик на министерот Сали

Avatar

Published

на

Министерот за здравство Беким Сали денеска во изјава за медиумите кажа дека на јавниот повик што го објави Министерството за здравствени лица кои би се упатиле кон погодените места во Турција од земјотресот до синоќа се пријавиле 150 доброволци.

Министерот рече дека до 12 часот денеска ќе го имаат прелиминарниот список на доброволци што ќе го понудат во Центарот за управување со кризи, а потоа преку НАТО комуникација со турските власти ќе ги информираат за човечките и материјалните ресурси кои ги имаме на располагање.

„Ве повикувам сите кои сте подготвени да учествувате во тековните хуманитарни активности во Република Туркије по разорниот земјотрес. Вашето знаење и искуство во областа на медицината се непроценливи, а секоја помош во вакви случаи е добредојдена.

Доколку сте заинтересирани да учествувате, пополнете го формуларот на линкот подолу, а ние ќе обезбедиме дополнителна логистика.

Ве повикувам да ни се придружите и да ја покажеме нашата солидарност и знаење со цел да им помогнеме на тие на кои им е навистина потребно“, стои во Јавниот повик од Министерот Сали.

Здравствените работници од Македонија покажале голема хуманост.

Министерот за здравство Беким Сали изјави дека до 12 часот денеска ќе го имаат прелиминарниот список на доброволци, што ќе биде доставен во Центарот за управување со кризи.

Избори 2024

Пендаровски од Дојран: Немам причина да го бојкотирам вториот круг зошто ќе ги добијам изборите

Avatar

Published

на

Во рамки на изборниот караван претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вчера оствари средби со граѓаните на Дојран и на Богданци.

Осврнувајќи се на досегашата работа на оваа владејачката гарнитура, Пендаровски посочи на нашето членство во НАТО, каде сме заедно со најсилните, најразвиени светски држави. ,,Без безбедност, нема економски раст” потенцираше Пендаровски.

,,Да немавме внатрешна блокада за неколку години од сега државата ќе беше и полноправна членка на ЕУ” додаде Пендаровски истакнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржа анти-европското однесување на Бугарија и нивната блокада.

,,До сега не сум слушнал ниту една изјава од нивна страна дека почитуваат некој од договорите што сме ги постигнале. Наместо тоа, најавуваат дека одново ќе преговараат и дека ќе постигнат подобри договори. А кој може да гарантира дека ќе постигнат подобри договори? Никој! Само ќе ја уназадат земјата 10-15 години и ќе ја вратат во мрачното минато”, подвлече Пендаровски.

Во интеракција со граѓаните, Пендаровски беше запрашан за коментар околу обвинувањата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори, на што Пендаровски одговори дека со тоа Мицкоски јавно го кажува својот страв.

,,Немам причина да го бојкотирам вториот круг, зошто ќе ги добијам изборите”, подвлече Пендаровски.

Граѓаните побараа коментар и за обвинувањата на опозицијата дека не работел транспаретно и ги затворил народните канцеларии. На ова Пендаровски возврати дека неговиот кабинет во секое време е отворен за посета и дека до ден денес во центарот на Скопје, како младинска канцеларија, функционира канцеларијата на претседателот.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Кандидатот за претседател Бујар Османи, во посета на Радовиш и Штип

Avatar

Published

на

Караванот на Европскиот фронт вчера пристигна во Радовиш и Штип. Кандидатот за претседател Бујар Османи придружуван од првиот човек на Турската демократска партија (ТДП), Бејџан Иљјас оствари бројни средби со граѓаните и го претстави Декалогот на европскиот претседател.

Кандидатот на Европскиот фронт учествуваше и на отворањето на изборниот штаб на ТДП во Радовиш, а потоа и на партискиот митинг во Штип.

Османи им се заблагодари на граѓаните за поддршката: „Поддршката е најголемата чест во животот што ми ја давате. Ќе ја почитувам вашата поддршка со целото мое битие. Нема да ве разочарам“..

Османи вети дека доколку ја добие поддршката, Северна Македонија ќе биде членка на ЕУ до 2030 година. Тој истакна дека тоа е единствената алтернатива за нашите деца да не бегаат од државата.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Мицкоски: На дебата со Пендаровски ќе одам кога ќе биде претседател на СДСМ

Avatar

Published

на

Претседателот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на понудата од кандидатот за претседател Стево Пендаровски за ТВ дуел, јавно му одговори од митингот во Струмица, дека за да прифати дуел со него најпрвин треба да стане претседател на СДСМ.

„Откако имав дуел со Ковачевски и потоа не знаеше каде е вратата во „Канал 5“ телевизија, сега му текна на Пендаровски да бара дуел со мене. Јас немам проблем од дуели и дебати. Но, Стево за да ја добие таа чест да имаме дуел и да дебатираме најпрвин треба откако ќе ги изгуби изборите на 8 мај да ја добие довербата на делегатите од СДСМ и да стане претседател на СДСМ, а СДСМ најголема опозициска партија, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во одговор на повикот на Пендаровски за телевизиски дуел со него.

Прочитај повеќе