Connect with us

Струмица

Тим од осум пожарникари-спасители од Струмица денеска замина во спасувачка мисија во Турција

Avatar

Published

на

Тим од осум пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица, припадници на специјалниот тим за пребарување и спасување од рушевини(USAR), кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување, по добиена наредба за мобилизација од страна на Владата на Македонија, денеска замина во спасувачка мисија во Турција која вчера беше погодена од силен земјотрес.

„Нашите спасувачки тимови кои се соодветно обучени за помош на вакви несакани настани се подготвуваат да стигнат во Турција, во местата каде што има поголема потреба и со сите сили и можности ќе се потрудат да помогнат со своите капацитети! соопштина од ТППЕ од Струмица

прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило

Avatar

Published

на

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Лишени од слобода три лица од струмичко, агресивно се однесувале кон полициски службеници

Avatar

Published

на

На 20.03.2024 во 22.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Т.(31) од Струмица, О.К.(42) и П.С.(31), двајцата од село Баница, струмичко, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе