Connect with us

Регион

92 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица

Avatar

Published

на

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.

Притоа, биле констатирани 92 пречекорување на брзината, од кои 37 на подрачје на Радовиш, 35 на подрачје на Струмица, 15 на подрачје на Валандово и 5 на подрачје на Гевгелија.Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“ велат МВР.

Регион

Кире Пиличев избран како координатор на сниматели за Југоисточниот регион

Avatar

Published

на

Секцијата на сниматели при ЗНМ во состав од Ристо Мишев, Зоран Догов и Адријана Јовановска остварија средба и работен состанок со колегите сниматели во Велес.

На средбата беше разговарано за многу теми кои ги засегаат колегите дописници, нивниот статус и условите во кои работат, а беа споделени и искуства со кои се соочуваат сeкојдневно. „Покрај вообичаените проблеми со кој се соочуваат како и нашите колеги од Скопје, ние снимателите дописници и сниматели во локални и регионални медиуми се соочуваме и со егзистенцијални проблеми, со тенденција да исчезне овој дел од фелата т.е. сниматели за телевизии. Екстремно ниските примања се повеќе ја прават оваа работа непосакувана од нашите колеги кои прибегнуваат кон други форми на заработка од својот занает, свадби и слично“ посочи Кире Пиличев, координатор за струмичкиот регион во рамките на Секцијата на сниматели.

Од страна на останатите колеги беше потенцирано дека снимателите – дописници нема смена и работно време, тоа значи дека му се скратени и можностите за заработка од друга работа. На работниот состанок во Велес каде што присуствуваа колегите сниматели од штипскиот, велешкиот и струмичкиот регион се разговараше и за унапредување на комуникацијата и соработката меѓу снимателите и новинарите.

Средбата помина во одлична атмосфера каде колегите избраа и свои координатори кои ќе ги претставуваат и ќе ги информираат за активностите во иднина на секцијата на сниматели при ЗНМ. За координатор на регионите Велес, Куманово, Свети Николе и Кавадарци е избран Иван Камчев, Кире Пиличев беше избран како координатор за Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово и Виктор Ефремов од Штип за координатор за Штип, Кочани и Делчево.

Прочитај повеќе

Регион

Денеска во Струмица, превентивни активности во рамки на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“

Avatar

Published

на

Министерството за внатрешни работи, а со тоа и Секторот за внатрешни работи Струмица денес започна со реализирањето на кампањата „МВР за граѓаните –  заедница, доверба и одговорност“.

Во рамките на кампањата денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица со делење на летоци и непосреден разговор со граѓаните ја потенцираа пораката на оваа кампања дека полицијата постои за да биде во служба на заедницата, да креира побезбедни средини за граѓаните каде тие ќе чувствуваат поголема сигурност.
„Факт е дека граѓаните најдобро знаат со какви предизвици се соочуваат во заедницата во која живеат. Преку нивното идентификување, анализа и коренито решавање имаме за цел да влијаеме за долгорочно намалување на тие проблеми.
Станува збор за концепт кој го развиваме во последните неколку години, а за тоа говорат и бројните превентивни активности кои ги реализиравме на подрачјето, меѓу кои „застани разговарај“, „заштита од провални и дрски кражби“, „заштита од измами“, „стоп за возење под дејство на алкохол“, „паркирај совесно, паркирај одговорно“ и други.
Истражувањата и анкетите покажуваат дека довербата во полицијата расте, благодарение на зголемената ефикасност на полицијата и намалување на криминалитетот кое нешто го потврдуваат и податоците според кои:
–        Во текот на 2022 година на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица биле пријавени 260 кривични дела „тешка кражба“, а бројот на овие дела во 2021 бил 299.
–        Во текот на 2022 година на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица биле пријавени 98 кривични дела „ кражба“, а бројот на овие дела во 2021 бил 131.
–        Во текот на 2022 година на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица биле пријавени 9 кривични дела „ разбојништво“, а бројот на овие дела во 2021 бил 19.
 Во однос на откривачката дејност во текот на 2022 година реализирани се:
–        41 % од пријавените тешки кражби;
–        40 % од пријавените кражби и
–        100 % од пријавените разбојништва“, соопштува СВР Струмица
Во наредните саботи во Валандово, Радовиш и Гевгелија ќе биде реализирана кампањата „МВР за граѓаните –  заедница, доверба и одговорност“, со цел уште повеќе да ја доближиме полицијата до граѓаните, да градиме доверба и со меѓусебна соработка да ја зголемиме безбедноста, која е од заеднички интерес за сите нас, стои во известувањето до СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Регион

Приведено лице од Турција, криумчар на мигранти во близина на Богданци

Avatar

Published

на

На 12.03.2023 во 01.35 часот на раскрсница „Богданци“ од полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Стар Дојран е лишен од слобода О.Т.(24) од Р.Турција кој управувал патничко моторно возило „опел вектра“ со црногорски национални ознаки, a во кое превезувал три лица мигранти.

О.Т. е задржан во Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка. За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштува СВР Струмица.

Прочитај повеќе