Радовиш
Полицијата го расчисти случајот со тепање на куче во радовишко од објавено видео на социјалните мрежи
Published
8 месеци agoна
By
Media Press
Полицијата го расчисти случајот со тепање на куче во радовишко од објавено видео на социјалните мрежи. На 01.02.2023 околу 14.00 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека на социјалната мрежа Фејсбук на страна на здружение за заштита на животни е објавена видео снимка на која се гледа тепање на животно – куче, со употреба на тврд предмет, од страна на С.Т. од с.Ораовица.
Од страна на полициски службеници веднаш се преземени мерки, лицето е пронајдено, со него е извршен службен разговор и преземени се сите потребни активности, при што е утврдено дека наведените дејствија се извршени пред повеќе години и констатирано е кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Радовиш, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира СВР Струмица, ПС Радовиш.
Инаку видеото со потресна содржина за измачување на куче, кое се појави пред неколку дена, масовно се споделуваше на социјалните мрежи од страна на граѓаните.
Поврзани содржини
Пријава во Полициската станица Радовиш, била физички нападната
Пронајдена дрога кај лица од Радовиш, при контроли на планината Плачковица
Приведен разбојник во Струмица, физички нападнал 63 годишна жена
Сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и мотоцикл се случила во Радовиш
Приведен радовишанец кој подметнал пожар во зграда на булевар „Александар Македонски“
Радовишанец пријавил во полиција дека исчезнала неговата малолетна ќерка
Радовиш
Промотивен настан во рамките на проектот „Енергетски ефикасен регион“ денеска организиран во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш
Published
4 дена agoна
септември 18, 2023By
Media Press
Денеска во Радовиш беше организиран вториот промотивен настан во рамките на проектот „Енергетски ефикасен регион“, инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата шема на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – фаза 2, финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка и Општините, Радовиш Конче и Василево.
Настанот беше во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион а домаќин беше Општина Радовиш односно ОУ „Крсте Петков Мисирков“. Присутен беше и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.
На настанот свое обраќање имаа Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, Директорот на ЦРЈИПР, Ѓоко Камчев, Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов и Градоначалникот на општина Конче, Златко Ристов.

За градоначалниците на општините Радовиш и Конче, овој проект е од големо значање и пример како треба да се постапува во иднина во однос на енергетската ефикасност.
Целта на овој настан е да се претстават досегашните имплементирани активности по проектот кои ќе придонесат кон создавање на енергетски ефикасен регион, првенствено во делот на производство и употреба на електричната енергија преку искористување на обновливи извори на енергија.
Со овој проект е предвидено изградба на систем на фотонапонски централи на покривите на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со капацитет од 430 KW, како и изработка на софтверски дигитален систем од страна на изведувачот ПЦ „Контрол Хардвер“ од Струмица.
Радовиш
Општина Радовиш ќе аплицира со проект „Зелена прекугранична хармонија“ за озеленување на површини во урбани средини
Published
7 дена agoна
септември 15, 2023By
Media Press
Советот на Општина Радовиш денека одржа итна седница со цел донесување на Предлог одлука за изработка и имплементација на проект „Зелена прекугранична хармонија“ за кој рокот за аплицирање е до денеска 15 септември. Итноста за свикување на оваа седница ја образложи Претседателката на Советот Моника Трајанова.

Советниците едногласно го поддржаа проектот и Предлог одлуката беше изгласана.
Проектот претставува дел од програмата на ЕУ за зелен прекуграничен регион, за озеленување на површини во урбани средини. Партнер во проектот е Општина Јакоруда од Бугарија и истиот е во вредност од околу 600.000 евра од кои за Општина Радовиш околу 300.000 евра.
Во Радовиш ќе се уредува и озеленува градскиот рид Чам Баир, со еколошки материјали, со засадување на дрвца и без бетонирање, а ќе се изгради и ботаничка градина во дворот на ООУ „Никола Карев“, појасни Лазар Газепов, советник во Одделението на ЛЕР во Радовиш.

Општина Радовиш заедно со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион од Македонија и општина Јакоруда од Бугарија, ќе аплицираат за проектот и доколку биде одобрен ќе се реализира.

Радовиш
Со симулација на сообраќајна несреќа во која 4 лица беа повредени, одбележан Светскиот ден на првата помош во Радовиш
Published
1 недела agoна
септември 14, 2023By
Media Press
ОО на Црвен крст од Радовиш го одбележа Светскиот ден на првата помош, со симулација на вежба, сообраќајна несреќа во која 4 лица беа повредени.
Според Црвен крст, секој ден стотици луѓе го губат животот поради несоодветна и ненавремена прва помош, затоа од клучна важност е знаењето за укажување ПРВА ПОМОШ.

Под мотото „Првата помош достапна за сите! Првата помош во дигителниот свет“ Општинската организација на Црвен крст Радовиш во соработка со ОВР Радовиш, ТППЕ Радовиш и ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш организираа настан, симулација на сообраќајна несреќа, во која учество земаа едно возило, еден електричен тротинет и пешак (4 лица беа повредени).
„Со организација на вакви показни вежби сакаме да ја подигнеме јавната свест за сообраќајните несреќи и повреди, да ги охрабриме луѓето од сите возрасти да научат прва помош за да имаат вештини и самодоверба за да го препознаат и соодветно да реагираат при итните ситуации во случај на сообраќајна несреќа“ велат од Црвен крст – Радовиш.

Што треба да содржи идеалниот појадок? Овие се идеални компоненти

Овие четири знаци на срцев удар се јавуваат 24 часа пред нападот

Што е USB-C интерфејс и кои се неговите предности?

Кој ќе ги сервисира? 97% од механичарите не знаат како да вршат основни поправки на електрично возило
