Connect with us

Македонија

Над 800 заболени од грип во земјава во 4-та недела од 2023 година

Avatar

Published

на

Во текот на 4-та недела од 2023 година (23-29.01.2023), во земјава се пријавени 874 случаи на заболени од грип како и заболувања слични на грип, за 23,0% помалку во споредба со претходната недела, информираат од Институтот за јавно здравје.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 4-та недела од минатата сезона, е зголемен за 3,5 пати.

Во текот на 4-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 226 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19.

Пријавената инциденца е над неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, четврта недела со ред, односно надминат е прагот на епидемиолошки влез во сезоната на грип.

Во однос на возрасната дистрибуција, 525 лица се на возраст од 15-64 години, 131 кај лица на возраст над 65 години, 110 се регистрирани кај деца на возраст од 5-14 години и 108 кај деца на возраст од 0-4 години.

Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0- 4 години. Заболените се најмногу од Струмица – 197, а во останатите, бројот на пријавени е помал од 100.

Во 7 извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во 15 – сезонска и во 5 – средна активност на вирусот на грип

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Три јавни повици за субвенции за микро, мали и средни компании за занаетчии и за дигитализација за женско претприемништво

Avatar

Published

на

Министерството за економија објави три јавни повици за субвенции за микро, мали и средни компании за занаетчии и за дигитализација за женско претприемништво.
Како што објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши со јавниот повик за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија ќе се кофинансираат 40% од докажаните трошоци направени за набавка на машини, но не повеќе од 250.000 денари по барател. За оваа мерка се предвидени средства во вкупен износ од 43.000.000 денари. Субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци за набавка на машини  настанати во 2022 и 2023 година.
„Со јавниот повик за субвенционирање на занаетчии ќе се кофинансираат 40% од докажаните трошоци направени зa набавка на машини и алати, но не повеќе од 100.000 денари по барател.За оваа мерка предвидени се средства во вкупен износ од 5.000.000 денари. Субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци за набавка на машини и алати настанати во 2022 и 2023 година.
Со јавниот повик за субвенционирање на женско претприемништво за дигитализација на деловни процеси се субвенционираат претпријатија во сопственост на жени (над 50 %) и управувани од жени, кои вработуваат најмалку две лица (сопственичката на претпријатието и еден вработен), преку кофинансирање на 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 100.000 денари по барател, направени за: развој или набавка на дигитални решенија и технологии со цел дигитална трансформација на деловните процеси или производство и/или имплементација, адаптација и интеграција на дигитални решенија и технологии.
За оваа мерка предвидени се средства во вкупен износ од 2.000.000 денари.
Субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци за предвидените намени  настанати во 2022 и 2023 година“, стои во објавата.
Крајниот рок за аплицирање по овие јавни повици е до 30.06.2023 година. 


Линк од огласот за субвенции за микро, мали и средни компании: https://www.economy.gov.mk/mk-MK/news/javen-povik-za-subvencionirane-na-mikro-mal.nspx

Линк од огласот за субвенции за занаетчии и вршители на занаетчиска дејност:  https://www.economy.gov.mk/mk-MK/news/javen-povik-za-subvencionirane-na-zanaetc.nspx

Линк од огласот за субвенции за женско претприемништво за дигитализација на деловни процеси: https://www.economy.gov.mk/mk-MK/news/javen-povik-za-subvencionirane-na-zensko-pretpriemnisvo-za-digitializacija-na-delovni-procesi.nspx

Прочитај повеќе

Македонија

МНР: Стапуваа на сила трите договори во рамки на Берлинскиот процес

Avatar

Published

на

Денес во Република С. Македонија, Република Албанија и Република Косово стапуваат на сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година, во рамките на Берлинскиот процес – Договорот за слободно движење во Западен Балкан со лични карти, Договорот за признавање на високо образовните квалификации и Договорот за признавање на стручните квалификации на доктори, стоматолози и архитекти. Многу бргу се очекува влегување на сила на договорите и во останатите три држави потписнични, согласно завршените правни процедури кај нив – Република Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, информираат од Министарството за надворешни работи.

Со нив се воспоставува слободно движење на луѓето само со лични карти во рамките на Западен Балкан; се овозможува мобилност на студентите, професорите и академските работници, додека процедурите за признавање се скратуваат од неколку месеци на две недели и без трошоци; докторите на медицина, забарите и архитектите ќе можат своите услуги да ги нудат слободно низ регионот.

„Секој од овие договори дава специфична можност да им помогне на нашите граѓани да го искористат својот потенцијал, да ги прошират своите искуства и да придонесат за доброто на нашиот регион. Договорите претставуваат значаен чекор напред во нашите напори да им овозможиме на граѓаните слобода на движење и интеграција, како услов за воспоставување на заеднички регионален пазар, што ќе претставува најбезбеден и најбрз пат кон исполнување на нашата заедничка цел – членство во Европската унија“, изјави денес министерот Османи.

Прочитај повеќе

Македонија

Левица: Нема европска држава со етничка припадност во изводи – Левица ќе оспори пред Уставен суд

Avatar

Published

на

Откако пратениците на #Левица, со 1300 амандмани, ефективно го блокираа внесувањето етничка припадност во лични карти, не престануваат обидите за дејтонизација од страна на анти-народната влада. Иако само 20 држави во светот имаат етничка припадност во лични документи (од кои ниту една не е европска држава!), после неуставно воведените двојазични униформи, пасокизираната СДС забрзано ја спроведува Тиранската плаформа, во очаен обид да не ја загуби владината коалиција, стои во објавата на политичката партија Левица.

„Како што најави министерот од редовите на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, внесувањето етничка припадност во изводите ќе се реализира само СО УПАТСТВО, што претставува противуставна промена на подзаконски акт, при што директно се заобиколува Парламентот, како највисок законодавен орган! Јасно е дека ваквите големоалбански барања се резултат на недостиг на визија и програма за социјални и економски проекти, додека мнозинството Албанци, како и Македонците, масовно се иселуваат поради погубните политики на ваквите истрошени политичари.

Потсетуваме дека во февруари 2021 година, евроамбасадорот Дејвид Гир изјави дека регулативата на ЕУ ЗАБРАНУВА споделувањето на лични податоци како расна и етничка припадност, како и политичка и верска припадност“, велат од партијата.

Целата објава на линкот: https://www.facebook.com/PartijaLevica

Прочитај повеќе