Connect with us

Европа

УКРАИНА, НЕ СЕ НАДЕВАЈТЕ: Европа повеќе нема да дава лажни ветувања!

Avatar

Published

на

БРИСЕЛ нема да вети дека ќе го забрза процесот за приклучување на Украина кон ЕУ на самитот во Киев, на кој ќе се разговара за членството на Украина во ЕУ, пишува британски Фајненшл тајмс.

Раководството на Европската унија не треба да и дава лажна надеж на Украина дека ќе стане членка во наредните години, наведува Фајненшл тајмс, повикувајќи се на изјавите на дипломатите на земјите-членки на ЕУ во Брисел, пренесува Тас.

Според извори на кои се повикува Фајненшл тајмс, изјавите на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и неговите колеги за потребата од што поскоро финализирање на пристапувањето на Украина доведоа до нереални очекувања во Киев.

– Јазот меѓу ветувањата и реалноста веќе некое време расте. И доаѓаме до точка каде што е премногу широко – изјави еден европски дипломат, цитиран од Фајненшл тајмс. Друг рече дека „постои ризик од судир на реториката со реалноста“.

– Нема да има брз начин за членство на Украина во ЕУ – додаде тој.

– Земјите од ЕУ ќе се согласат дека Украина измина долг пат, постигнувајќи сериозен напредок во реформите, но нема да има ветувања за забрзано членство – изјави за Тасс извор од европската делегација на самитот.

Според изворот, голем број источноевропски земји се за забрзување на пристапниот процес на Украина.

– Некои земји, пред се источноевропските земји, инсистираат на Украина да и биде ветено забрзано членство во толку тешко време. Но, не сите земји го делат овој став. Тоа се особено големи земји-членки кои сметаат дека на Киев не треба да му се даваат празни ветувања – додаде тој.

Украинскиот премиер Денис Шмигал минатата недела рече дека владата на земјата очекува да стане членка на ЕУ за помалку од две години по почетокот на разговорите за нејзиниот пристап, а украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека преговорите за пристапување на Украина во ЕУ треба да започнат оваа година. години.

На 23 јуни 2022 година, шефовите на држави и влади на ЕУ одлучија да им доделат кандидатски статус на Украина и Молдавија за членство во ЕУ, но временската рамка за почеток на пристапните преговори сè уште не е одредена.

Брисел посочи дека владата во Киев има уште многу работа, мора да спроведе важни реформи. ЕУ исто така соопшти дека Украина може да се приклучи на европската заедница само откако ќе заврши конфликтот на нејзина територија.

Европа

Вооружени напади на шест локации во Виена

Avatar

Published

на

Три лица се убиени и околу 15 се повредени вклучувајќи и еден полициски службеник во вооружени напади во центарот на Виена. Овие напади според полицијата во Виена имаат исламистички мотиви.

Вчера вечер во околу 20:00 часот се извршени напади на шест локации во центарот на Виена, целиот напад започнал пред влезот на главната синагога. Во видеата кои кружат по социјалните мрежи се гледа како мажи пукаат во гости во барови со автоматски пушки и пиштоли.

Полицијата во Виена сеуште истражува колку напаѓачи учествувале во овие вооружени напади без да потврди информации дека е уапсено едно лице. Вооружени биле со автоматски пушки како и повеќе пиштоли. Еден од нив носел елек со експлозив кое подоцна е потврдено дека е само мамка.

Според истражувањата на Австрискиот новинар Флориан Кленк, се работи за момче на 20 годишна возраст со Албански корени. Неговите родители според Кленк потекнуваат од Македонија.

Прочитај повеќе

Европа

Словенија воведува забрана за движење помеѓу општините

Avatar

Published

на

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша на твитер напиша дека во вторник ќе се воведе забрана за движење меѓу општините, што ќе важи за целата територија.

Оваа забрана за движење на населението, најпрво ќе важи седум дена и постепено ќе се оттргнува во регионите коишто најдобро ќе се справуваат со епидемијата.

Исклучок ќе бидат вработените кои патуваат во друга општина за работа, земјоделците, патувањата до болниците и аптеките и грижата за блиски роднини или изнемоштени лица.

Причина за оваа забрана за движење излегува од тоа што викендов во Словенија се потврдени 3645 нови позитивни случаи на Ковид-19, починати се 26 пациенти.

Прочитај повеќе

Европа

Задолжителен ПЦР тест не постар од 48 часа за влез во Србија

Avatar

Published

на

Кризниот штаб на Србија донесе одлука да овозможи влез на Македонските граѓани кои патуваат во Србија со негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа.

Заедно со Македонија, оваа одлука важи и за Хрватска, Бугарија и Романија. Одлучено е и да престанат сите рекстрикции кои се однесуваа на граѓаните од Црна Гора – изјавила Српскиот епидемиолог Дарија Кисиќ.

Негативен ПЦР тест не е потребен на српските државјани кои доаѓаат од наведените држави.

Денес исто така и Црна Гора ги отвара границите за Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија

Прочитај повеќе