Струмица
Општина Струмица е единствената општина во државата со свој сопствен стационар за бездомни кучиња
Published
2 месеци agoна
By
Media Press
Врз основаната потреба од постоење на единица за соодветен третман на бездомни кучиња во Струмица и нејзината околина, како резултат на решителноста на општинската администрација и градоначалникот на Општината, денес со работа започна современиот стационар „Лана“.

Основна цел на постоењето на Јавното претпријатие за заловување бездомни кучиња Стационар „Лана“ Струмица“ е хуман третман и благосостојба на бездомните кучиња со што треба трајно и ефикасно да биде намален нивниот број.

Програмата е заснована на методот „залови – стерилизирај – вакцинирај – вдоми/врати”, која со методите за едукација, регистрација и подигнување на јавната свест ќе овозможи намалување на бројот на бездомни кучиња.

„Со пуштањето во употреба на Стационарот „Лана“ практично почнуваме со решавање на еден од најголемите проблеми на струмичани, а тоа се бездомните кучиња скитници за кои имавме многу несакани ситуации, каснување на луѓе и во неколку случаи на деца. Додека во државата одредени општини декларативно се занимаваат со овој проблем, ние суштински и системски го решаваме и од денес општина Струмица е единствената општина во државата со свој сопствен стационар за бездомни кучиња. Јас ги уверувам граѓаните дека стационарот ќе ги дава посакуваните резултати. Особено ме радува фактот што веќе ги имаме и првите семејства, граѓани коишто сакаат да вдомат кучиња. Упатувам порака дека колку сме со поголема свест во однос на кучињата скитници и сакаме да ги вдомиме, толку помалку ќе имаме и кучиња скитници на улиците. Ако навистина ги сакаме животните, тогаш да им дадеме дом на сите“ – изјави градоначалникот Костадин Костадинов.
Поврзани содржини
Денеска во Струмица, превентивни активности во рамки на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“
Британскиот амбасадор Метју Лосон во посета на Општина Струмица, поводот беше тригодишно искуство на „Шелтер центар“ за жени и деца
Се одржа Детски карневал, своевиден расадник на карневалските традиции во Струмица
Околу 1.100 луѓе под маски во интернационалната карневалска поворка на Струмичкиот карневал
Превентивна активност на СВР Струмица на тема “Превенција и заштита од врсничко насилство“
Општина Струмица распиша Јавен повик за членови на Локален совет за женско претприемништво
Струмица
Приведени две лица од струмичко, пронајдени и одземени три моторни возила и други предмети
Published
3 дена agoна
март 22, 2023By
Media Press
Вчера во 02.00 часот во село Старо Балдовци, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Ф.С.(40) и А.С.(45), двајцата од село Старо Балдовци. При претрес во домот на Ф.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три моторни возила за кои не поседувал соодветна документација, регистарски ознаки од возило, три моторни пили и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кривични дела.
Додека, при претрес во домот на А.С., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени два акумулатори, два апарати за швајцување, моторна пила и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кривични дела.
Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, запознаен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Струмица
Британскиот амбасадор Метју Лосон во посета на Општина Струмица, поводот беше тригодишно искуство на „Шелтер центар“ за жени и деца
Published
3 дена agoна
март 22, 2023By
Media Press
Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов и Здружението на граѓани „Скај Плус“ , беа домаќини на средбата со британскиот амбасадор Метју Лосон, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и шефицата на канцеларијата на УНФПА во нашава земја Афродита Шаља.
Предмет на разговор на средбата беше позитивното тригодишно искуство од постоењето на струмичкиот „Шелтер центар“ за жени и деца – жртви на семејно насилство. На средбата беше истакната потребата и другите општини да го ползуваат примерот од Струмица, па за таа цел, во рамките на проект на Обединетите нации, финансиран од амбасадата на Обединетото кралство, „Скај плус“ веќе изработува прирачник кој ќе им послужи на општините, на најсоодветен начин да се справуваат со проблемот на семејното насилство и згрижувањето на жени и деца кои се жртви на таков вид насилство.

Во својата изјава за медиумите, градоначалникот Костадинов ја истакна одличната соработка со „Скај Плус“, како и фактот дека струмичкиот „Шелтер центар“ е дел од социјалната програма која се финансира од Буџетот на Општина Струмица.
Струмица
Претрес во Струмица, пронајдени повеќе видови дрога, приведен дилер
Published
1 недела agoна
март 17, 2023By
Media Press
Вќера (16.03.2023) околу 10.45 часот од полициски службеници од СВР Струмица лишен е од слобода М.Т.(44) од Струмица.
При претрес извршен со наредба од Основен суд Струмица во дом и други простории кај М.Т., биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, црна грутчеста материја, таблетки, растителна материја.
Лицето е приведено во СВР Струмица, за случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО Струмица и по негово комплетно документирање против М.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска во Струмица, превентивни активности во рамки на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“

Улицата „Видое Смилевски Бато“ во Радовиш, конечно е асфалтирана, 25-годишен проблем на граѓаните

Вчера во СРЦ „25 Мај“ се одиграа полуфинални дуели во машка категорија од одбојкарскиот куп на Македонија

Апликацијата МОЈДДВ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник
