Радовиш
Повторно пријава за физичка пресметка помеѓу две лица во Калаузлија
Published
2 месеци agoна
By
Media Press
Повторно пријава за физичка пресметка помеѓу две лица во Калаузлија, случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш.
Имено вчера во 12.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 11.00 часот во село Калаузлија, радовишко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.У.(53) и Џ.М.(37), двајцата од село Калаузлија.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава информира СВР Струмица, ПС Радовиш.
Поврзани содржини
Физичка пресметка помеѓу две лица од село Бучим, радовишко, едниот бил приведен
Пуштено во употреба подрачното училиште во село Калаузлија, Општина Радовиш
Синоќа околу полноќ се случила физичка пресметка помеѓу неколку млади лица на планината Плачковица
Тепачка помеѓу 4 лица во Шаин маале во Радовиш
Тепачка помеѓу 10 Радовишани пред судот во Радовиш
Радовиш
Матеј и Никола од средното училиште од Радовиш, со одлични резултати на државниот натпревар по информатика
Published
1 ден agoна
март 28, 2023By
Media Press
Матеј и Никола од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш, со одлични резултати на државниот натпревар по информатика кој се одржа во ФИНКИ.
„На 25 март, во Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје се одржа државниот натпревар по информатика. На натпреварот учествуваа следниве ученици од нашето училиште: Матеј Цветковски – I година (ментор: Василка Митева) Никола Костадинов – IV година (ментор: Славица Атанасова)
Според резултатите од државниот натпревар, и двајцата ученици имаат трета награда.
Ученикот Никола Костадинов е добитник на награда – бесплатно студирање на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) за сите 4 години на студии почнувајќи од академската 2023/24 година“, соопштуваат од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш.


Радовиш
Одбојкарките на Работнички Скопје ја одбранија ланската куп титула на финалето во Радовиш
Published
2 дена agoна
март 27, 2023By
Media Press
Одбојкарките на Работнички Скопје ја одбранија ланската куп титула со триумф над Наковски волеј со 3:1 (23:25, 25:18, 30:28, 25:16) во финалето на турнирот во Радовиш.

Струмичкиот клуб го доби првиот сет, но актуелните првенки направија пресврт и на крајот му се израдуваа на пехарот притоа недозволувајќи Наковски волеј да се реваншира за поразот во финалето пред две години.
Стојанова освои 17 поени, Баталаковска имаше 16, исто колку и Ѓурѓевиќ.
Кај Наковски волеј, најефикасна беше Љиља Ковачевиќ со 13 поени, Хаџи-Тосева заработи 11, а Милева 8, но тоа не беше доволно струмичанки да ја освојат првата сениорска круна.

Директорката на спортската сала 25-ти Мај во Радовиш, ги сумира впечатоците и резултатите од целиот настан и притоа е задоволна од организацијата, изразувајчи благодарност во сите овие кои активно беа вклучени во самата органзиација.

Арсова изразува благодарност и до Македонсктата радио телевизија- (МРТВ) за преносот во живо, на македонскиот одбојкарски куп . Таа најавува дека за неколку дена повторно ќе се случи голем настан во спортската сала во Радовиш, од областа на музиката.

Радовиш
Струмица Никоб го освои пехарот во македонскиот одбојкарски куп во финалето во Радовиш
Published
2 дена agoна
март 27, 2023By
Media Press
Викендот се одржа големото финале на македонскиот одбојкарски куп, во Спортската сала „25-ти Мај“ во Радовиш,голем спортски настан после многу години кој три дена ја брануваше радовишката спортска јавност.

Шести пат по ред, а вкупно деветти, Струмица Никоб го освои пехарот во македонскиот одбојкарски куп. Во финалето во Радовиш, актуелниот првак беше доминантен и славеше над Градси Одбојкарски Клуб „Борец“ од Велес, со 3:0 (27:7, 25:23, 25:18), на тој начин освојувајќи го 18-от пехар во клупските витрини.

Владо Милев имаше 12 поени, Хараба заврши со 11, Алексов со 7, Глобоцки заработи 5, Наков 4, а Ефтим Ричлиев 2.
Кај ГОК Борец најефикасни беа примачите Волков со 14 и Костиќ со 12 поени.

Се замрзнуваат цените на тоалетната хартија, влошките, влажни марамчиња, пелените

Задача за прво одделение во кинеско ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ: Дали можеш да ја решиш?

11 строги правила кои жените во САУДИСКА АРАБИЈА МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВААТ!

Како да направите ефективни промени во внатрешноста на вашиот дом?
