Василево
Започна реновирањето на ПУ „Атанас Нивичански“ во Висока Маала, Општина Василево
Published
2 месеци agoна
By
Media Press
Викендов започна реновирањето на ПУ „Атанас Нивичански“ во Висока Маала, информира градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.
„По остварената работна средба со делегација од Турција, училиштето почна да го менува својот лик . Нашата мисија е да обезбедиме подобри услови за учениците. Верувам дека со нашите меѓународни партнери и сите донатори ќе успееме да го подигнеме квалитетот на образованието во нашата општина. Реновирањето на училиштето во Висока Маала опфаќа реконструкција на кровот,нови клупи,столови,нов под во училниците, нови училишни тоалети, компјутер за секој ученик,нови печки за загревање на училниците и др. Турција е земја во која живеат голем број Македонци и заеднички можеме да реализираме повеќе проекти“.

Реновирањето е со средства од иселениците од Македонија во Турција и со финансиска помош од Советот на општина Василево.
Во Висока Маала, основно образование од прво до петто одделение посетуваат вкупно 83 ученици, а наставата се одвива во две училишни зграда: оваа која сега се реконструира и во која учат децата од прво, второ и трето одделение и во новата училишна зграда која започна со работа пред отприлика една година и во која настава посетуваат учениците од четврто и петто одделение.
Според информацијата од Соња Ничева, директорката на ООУ „Атанас Нивичански од Нова Маала, во чиј состав е подрачното училиште во Висока Маала, во периодот додека ќе се одвиваат активностите на реновирање, сите ученици, од прво до пето одделение настава ќе посетуваат во новата училишна зграда и истата ќе се одвива во две смени. За учениците обезбеден е превоз.
Поврзани содржини
Потенцијалите на општина Василево, презентирани пред дипломатскиот кор
Започна изградбата на фекална канализација во Василево, проект долгоочекуван од граѓаните
Заврши реновирањето на училиштето во Висока Маала
Вонредна седница на Советот на општина Василево
Општина Василево и општина Согут, Р.Турција, потпишаа акт за збратимување
Пристапните патеки во училишниот двор во Владевци, комплетно завршени
Василево
Денот на пролетта одбележан во општина Василево
Published
1 недела agoна
март 21, 2023By
Media Press
Со садење дрвца во општинскиот двор, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов и вработените во општината, симболично го одбележаа денот на пролетта.

„Со овој чин на садење дрвца во дворот, сакам да упатам порака дека секој од нас и со само едно засадено дрвце, може да даде придонес во одржувањето на животната средина и да оддаде благодарност за благодетите што ги уживаме од мајката природа“ , изјави градоначалникот Андонов кој исто така се вклучи и во еколошката акција организирана во ООУ „Гоце Делчев“ Василево во која учениците и вработените во училиштето го уредуваа и озеленуваа училишниот двор.
Доаѓањето на пролетта го поздравија и дечињата од детската градинка „Прва радост“, Василево, кои на симпатичен начин костимирани во јаготки и буба мари, продефилираа низ улиците на Василево посакувајќи и добредојде на пролетта.

Василево
Потенцијалите на општина Василево, презентирани пред дипломатскиот кор
Published
1 недела agoна
март 21, 2023By
Media Press
„Општина Василево ќе биде меѓународно препознаена и афирмирана“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во врска со презентацијата на потенцијалите на општина Василево во рамки на Дипломатско економскиот караван во Југоисточниот плански регион, кој, вчера се одржа во Радовиш.
„Денес пред дваесетина амбасадори, конзули и нивни придружници од неколку земји од светот во општина Радовиш, ги презентирав културните, економските и туристичките потенцијали на општина Василево. Пред дипломаткиот кор, ги презентирав можностите за инвестирање во проектот ,,По стапките на Мисс Стоун ” , кој треба да се реализира на брана Турија“, информираше градоначалникот Андонов.
Економско дипломатскиот караван, беше организиран од страна на Министерството за надворешни работи со цел пред присутните дипломати и нивните придружници, општините и компаниите да ги презентираат своите можности и потенцијали за инвестирање.

Василево
Започна изградбата на фекална канализација во Василево, проект долгоочекуван од граѓаните
Published
3 недели agoна
март 10, 2023By
Media Press
Од денеска стартуваа активностите за изградба на фекален канализационен систем во населното место Василево. На лице место беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој изразувајќи задоволство од стартот на изградбата, проектот го оквалификува како историски момент.
„Во населеното место Василево се гради фекален канализационен систем. Ова е историски момент за Василево бидејќи ова е проект долгоочекуван и неопходен за секојдневното живеење на граѓаните од населеното место Василево. Со овој проект настапив и на Локалните избори 2021 година како ветување и врз основа на тоа ја добив довербата од граѓаните да ја водам општина Василево. Задоволството е огромно што денес сум токму овде на самото место каде што се реализира ова мое ветување. Задоволството е обострано – и кај мене како градоначалник но и кај граѓаните на населеното место Василево бидејќи јас го исполнувам моето ветување а граѓаните на општина Василево и на населеното место Василево добиваат подобри услови за секојдневно функционирање. Повеќе нема да има излевање на септичките јами а со тоа ќе се заштити животната средина“, порача во својата изјава градоначалникот Андонов, кој воедно најави и континуитет во овие активности во текот на неговиот мандат.

Градоначалникот најави дека продолжуват со реализација на фекална канализација и во населеното место Пиперево и во населеното место Ангелци.
„Мојата интенција е до крајот на мојот мандат во населеното место Василево да се изгради повеќе од 60 % од фекалната канализација. Со реализацијата на овој проект но и на сите останати проекти покажуваме дека наш интерес, наш приоритет се потребите на граѓаните“, рече Андонов.
Должината на кракот во изградба е 753 метри и согласно Договорот со изведувачот ДПТУ Портланд, Буџетот за негова реализација изнесува 3 257 961 денари, средства кои општината ги обезбеди од сопствените извори на приходи.


Се замрзнуваат цените на тоалетната хартија, влошките, влажни марамчиња, пелените

Задача за прво одделение во кинеско ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ: Дали можеш да ја решиш?

11 строги правила кои жените во САУДИСКА АРАБИЈА МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВААТ!

Како да направите ефективни промени во внатрешноста на вашиот дом?
